Гринвуд трансфер цел на Барселона

1 min read

Претседателот на шпанскиот прволигаш Хетафе, Анхел Торес, откри дека неговиот колега од Барселона, Жоан Лапорта е заинтересиран за напаѓачот Мејсон Гринвуд.

Фудбалерот е во сопственост на Манчестер Јунајтед и оваа сезона настапува како позајмен фудбалер во Хетафе.

„Лапорта ме праша за Гринвуд. Тој располага со некои информации“, рече претседателот на Хетафе.

Според англиските медиуми, Манчестер Јунајтед има намера да се раздели со Гринвуд ова лето, а за фудбалерот беа заинтересирани Атлетико Мадрид и Јувентус.

Извор: kurir.mk

Претходно

МИТ прекинува со бајките за диверзитетот

Следно

Излезност по изборни единици – Највисока во „тројка“, најниска во „шестката“

Latest from Blog