Мишел: Проширување на ЕУ до 2030, Ковачевски за блокадите, Рама за песимизмот, Денков за Бугарите

August 28, 2023
1 min read

реклама



Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, на неговото излагање на Бледскиот стратешки форум го постави тајмингот до 2030 година за Европската унија да биде подготвена за зачленување на други земји во Унијата. Со тоа тој испрати јасна порака за идното проширување.

„Ако сакаме да бидеме кредибилни, верувам дека мора да зборуваме за тајминг. Мора да зборуваме за нашите домашни задачи. И како сугестија, додека ја подготвуваме следната стратешка ЕУ- агенда, ние мора да си поставиме јасна цел. Верувам дека треба да бидеме подготвени од двете страни до 2030 за проширувањето.“, изјави Шарл Мишел.

На панелот на Бледскиот стратешки форум на кој се обратија лидерите од регионот. Премиерот Димитар Ковачевски рече дека и покрај песимизмот за проширувањето на ЕУ кој е присутен во многу земји на Западен Балкан, истакна дека е охрабрен од изјавата на Мишел, но и за блокадите за евроинтеграцискиот процес на Македонија.

„80 проценти од граѓаните на Северна Македонија се во корист на европската интеграција и проевропски ориентирани, а истовремено 80 проценти од граѓаните се против блокадите што доаѓаат една по друга. А овие блокади доаѓаат од земји членки на Европската унија во бранови кои што се користат главно за нивната домашна политика а не за меѓународната сцена.“, изјави Ковачевски.

По Ковачевски се обрати и новоизбраниот бугарски премиер Николај Денков кој праша зошто е проблем да се внесат Бугарите во македонскиот устав.

„Секој вели на бугарска страна – зошто ги запирате поради измените на Уставот? Да поставам друго прашање. Зошто би имало проблем Бугарите да се внесат како дел од листата на 10 народи што се вклучени или треба да бидат вклучени во Уставот во Македонија. Ова не е мој личен проблем туку политички проблем и овој политички проблем е дел од преговорите меѓу Северна Македонија и Европската унија.“, рече Денков.

Албанскиот премиер Еди Рама пак изрази песимизам и за членството во ЕУ до 2030 година.

„Ако она што го кажа Шарл ќе се реализира во смисла на реални чекори напред, не дека јас верувам дека во 2030 ќе бидеме членки на Европската унија но барем некој од чекорите да се реализираат што ќе биде многу добро.“, вели Рама.

Оптимизам дека ќе има напредок и еден ден ќе бидат членка на Европската унија истакна и премиерот на Косово Албин Курти. Тој воедно ги повика и другите членки на Европската унија да го признаат Косово.

„Ние сме оптимисти во однос на иднината и очекуваме поголема соработка и приклучување кон Европската унија не само да имаме корист од неа туку и да дадеме придонес во Западен Балкан. Може да кажеме дека Европската унија е еден вид секуларна религиија. Мислам дека тоа ниту погрешно ниту лошо.“, рече Курти.

На панелот говореа и премиерите на Хрватска Андреј Пленковиќ, на Србија Ана Брнабиќ, на Црна Гора Дритан Абазовиќ и на Босна Борјана Кришто.

реклама

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Илија Несторовски ќе потпише за Асколи

Следно

Стефан Костоски ја доби наградата „Енхалон“ на „Струшките вечери на поезија“ за најдобра песна од млад автор

Latest from Blog

Интер Мајами не е атрактивен за Левандовски

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски не сака да оди во Интер Мајами, објави италијанскиот инсајдер Фабрицио Романо. Левандовски е договорно обврзан со Барселона до крајот на оваа сезона и ќе одлучи за својата

Лукашенко: „Орешник“ пристигна во Белорусија, подготвен е за напад!

Белорускиот претседател Александар Лукашенко соопшти дека рускиот ракетен систем „Орешник“ пристигнал во Белорусија и веќе е ставен во состојба на борбена готовност. „Тука е од вчера и е ставен на борбено дежурство“,

АМСМ: Од 17:30 часот во прекин сообраќајот на ГП Евзони (Богородица)

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, соопшти вечерва Автомотосојузот на Македонија. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од
Go toTop