Се урна дел од кула во близина на Колосеумот во Рим – едно лице е заробено под урнатините

November 3, 2025
1 min read

Еден работник е хоспитализиран со сериозни повреди по делумното уривање на средновековна кула која била во фаза на реновирање во центарот на Рим, во близина на Колосеумот, објави новинската агенција АНСА.


Двајца други работници претрпеле полесни повреди и одбиле да бидат префрлени во болница.

Портпаролот на Националната противпожарна служба, Лука Кари, претходно за Ројтерс изјави дека службите за итни случаи работат на извлекување на едно лице заробено под урнатините.


Кулата Торе деи Конти, висока 29 метри, се наоѓа на Виа деи Фори Империјали, широк булевар што води од централната Пјаца Венеција до Колосеумот.

Објектот не е во употреба од 2006 година, но на него се изведуваат работи како дел од четиригодишен проект за реновирање, кој, според градските власти на Рим, треба да биде завршен следната година.


Извор: tv21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓорѓиевски: Со поддршка од Град Скопје, Бети ќе постигне уште повеќе за Кисела Вода

Следно

На познат фудбалер од Премиерлигата му се заканувале со пиштол!

Latest from Blog

ЕВН: Набавката на броила поминала низ утврдена постапка и проверка на сите критериуми

Во однос на самата постапка, од ЕВН Македонија нагласуваат дека набавката била спроведена согласно законските прописи и однапред утврдените процедури. „ЕВН Македонија ја спроведе постапката за набавка на броила во целосна согласност

По пукањето во Маниса приведени малолетникот, неговите родители и дедо му – 11 се ранети

Гурлек соопшти дека малолетникот кој пукал пред училиштето е приведен, како и неговите родители и дедо му. Инцидентот се случил околу 8 часот наутро по локално време во градот Тургутлу, во близина
Go toTop