Мисајловски: Македонците и македонскиот народ ќе бидат претставени како малцинство во Владата

1 min read

Моментално, двете најголеми политички партии во албанскиот блок ќе станат една Влада. Тоа значи дека најголем дел на албански претставници ќе влезат во Владата на Ковачевски и претпоставувам дека сите проблеми кои ги имаат нашите сограѓани Албанци ќе бидат решени. Но, претходно Алтернатива  и БЕСА имаа свои министри, но можеме да видиме дека овие албански партии кои учествуваа во власта, си ги сменија дресовите, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и потпретседател на партијата, Владо Мисајловски.

-Дали албанскиот граѓанин живее подобро? Не верувам! Дали македонскиот граѓанин живее подобро? НЕ! Дали овие неколку години во кои владее СДСМ е лет во место? ДА! Дали нешто ќе донесе подобро во овие 10 месеци ако Алијанса влезе во Владата? Апсолутно ништо. За што се работи? Се работи за нешто кое го кажа  нашата колешка од Алтернатива која вели дека во минатиот период кога се составала владата од СДСМ, замислете, друг премиер од друга држава помагал да се состави. Тоа е директно мешање во  внатрешните работи на една држава.  Тоа е многу сериозно. Се поставува прашањето дали од други центри се контролира и самата политика во Македонија?! Дали и власта и опозицијата, особено албанска, е контролирана од други центри? Тоа е многу сериозно прашање, посочи Мисајловски.

Тој посочи дека Македонија треба да има силна албанска опозиција.

-Дали Македонците и македонскиот народ овој пат ќе бидат претставени како малцинство односно ќе има апартхејд еден македонски? Најверојатно бидејќи се повеќе функции се даваат на политичари од албанскиот блок, рече тој.

Мисајловски потенцира дека не е лошо Албанци да добиваат политички функции ако се навистина квалитетни луѓе, но посочи дека власта сега само лицитира со луѓе.

Целиот говор на Мисајловски, проследете го во продолжение:

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Силјановска до Ковачевски: Волшебници да ви се овие што ќе ги вклучите во Влада за една година не може да се адаптираат, а не да сменат нешто

Следно

74 ГОДИШЕН ДЕДО ЛЕЖЕЛ ПОД УРНАТИНИТЕ 9 ДЕНА – спасувачите не можеле да им поверуваат на очите кога го виделе по 227 часа без вода и храна (ВИДЕО)

Latest from Blog