Силјановска до Ковачевски: Волшебници да ви се овие што ќе ги вклучите во Влада за една година не може да се адаптираат, а не да сменат нешто

1 min read

Никогаш не сме биле подалеку од ЕУ рече вчера една од најпосветените евро посветени експертки, што сакам да кажам на дневен ред е разрешување на министри. И наместо премиерот да образложи зошто разрешување, тој збореше за перспективата на Македонија во ЕУ. Антиевропски е да се зборува сите во владата кои се за ЕУ. Ако сите се во Владата јас прашувам кој е опозиција, јас велам народот. Во ЕУ се коалицира врз основа на идеологија, а не врз основа на бизнис интереси. Во Македонија е коалиција секој со секого, рече Гордана Силјановска Давкова, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница во Собранието на која се расправа за разрешување на министри.

Силјановска праша што ги врзува партнерите во коалицијата?

„Бизнис интересите. Разрешување и именување на министри во последната година се прави само за да се поентира или поради некој скандал, во спротивно оваа не е пракса“, посочи таа.

Силјановска апелираше до премиерот Димитар Ковачевски: „Премиере, волшебници да ви се овие што ќе ги вклучите за една година не може да се адаптираат, а не да сменат нешто“.

Пратеничката се осврна и на Алијанса за Албанците.

„Што се однесува до колегите од Алијанса, морам да кажам дека се плашам дека можеби ќе се соочат со истото како оние од Алтернатива. Не е европејството што ги влече во Влада, мислам само дека биле прагматични, или ако не можеш да ги победиш придружи им се, но тоа не е можно во држава што може да се наречен дуистан. Тие зборуваа за опасноста од дуизација. Кажуваа дека и животите им се загрозени, а што прават сега“, заклучи Силјановска.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

ПО ТУРЦИЈА СЕ ТРЕСЕ И НОВ ЗЕЛАНД – надзорните камери снимаат што се случува за време на потресот, целиот свет гледа и се стаписува (ВИДЕО)

Следно

Мисајловски: Македонците и македонскиот народ ќе бидат претставени како малцинство во Владата

Latest from Blog

Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Вилијам Барнс, ги предупреди членовите на американскиот Конгрес дека