Министрите за надворешни работи на арапскиот свет и американскиот државен секретар денес на состанок за војната во Газа

1 min read

АНКАРА (АА) – Јордан вчера најави дека министерот за надворешни работи на таа земја и неговите колеги од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Катар, Саудиска Арабија и Египет денес ќе одржат заеднички состанок со американскиот секретар Ентони Блинкен во Аман за најновите случувања во Газа, известува Анадолу.

„Заменик премиерот и министерот за надворешни работи и иселенички работи, Ајман Ал Сафади и министрите за надворешни работи на ОАЕ, Катар, Кралството на Саудиска Арабија, Република Египет и секретарот на извршниот комитет на Палестинската ослободителна организација утре ќе одржат координативен состанок во контекс на напорите насочени кон запирање на израелската војна во Газа и хуманитарната катастрофа која таа ја предизвикува“, изјави Суфјан Кудан, портпаролот на јорданското МНР.

Тој додаде дека министрите потоа ќе одржат заеднички состанок со Ентони Блинкен во текот на кој ќе биде потврден арапскиот став, повикувајќи на итен прекин на огнот и итна испорака на хуманитарната помош за Појасот Газа.

Портпаролот Кудан истакна дека „ќе се разговара за начините на ставање крај на ова опасно влошување кое ја загрозува безбедноста на целиот регион.“

Израелската војска ги прошири своите воздушни и копнени напади со неселективно бомбардирање на цивилни населби, станбени објекти, џамии, цркви, но и болници во Појасот Газа, кој се под немилосрдни напади по неочекуваната офанзива на Хамас на 7. октомври.

Во судирите меѓу Израел и Хамас убиени се повеќе од 10.700 луѓе, од кои најмалку 9.277 Палестинци и повеќе од 1.538 Израелци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

Претходно

Oблачно и посвежо со врнежи од дожд

Следно

Битола го слави 4 Ноември – Денот на ослободувањето на градот

Latest from Blog

Од 19. Владина седница

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата со Предлог- измени и дополнувања на