Министерството за одбрана на Србија негира дека армијата учествувала во апсењето на косовските полицајци 

June 15, 2023
2 mins read

Армијата на Србија, како што сен аведува во соработува со другите српски безбедносни сили, како и со мисијата на НАТО на Косово – КФОР, „со кои одржува професионални контакти на сите нивоа со цел да се следи ситуацијата на теренот и да се зачува сигурноста и безбедноста на теренот“

Министерството за одбрана на Србија денеска негираше дека во апсењето на тројцата косовоски полицијаци учествувале припадници на српската војска. 

Уапсените косовски полицајци/Фото: Архива

Армијата на Србија, како што сен аведува во соработува со другите српски безбедносни сили, како и со мисијата на НАТО на Косово – КФОР, „со кои одржува професионални контакти на сите нивоа со цел да се следи ситуацијата на теренот и да се зачува сигурноста и безбедноста на теренот“. 

Од министерството укажуваат на постоењето на Воено-техничкиот договор за распоредувањее на безбедносните сили на Косово, во кој се прецизирани активностите и постапувањата на армијата и на КФОР.  

„Со споменатиот договор силите на Република Србија добија овластување да бидат во Копнената безбедносна зона, воспоставени се процедури за соработка, координација и решавање конфликти“,

се вели во соопштението, пренесува регионалниот сервис на РСЕ. 

Во врска со случајот со тројцата косовски полицијаци вчера, Белград и Приштина излагоа со свои тврдења за настанот.  

Официјален Белград тврди дека тие бие уапсени на територијата на Србија, додека, пак, властите во Приштина наведуваат дека полицајците биле киднапирани на територијата на Косово.  

Српските власти вчера соопштија дека косовски полицајци се уапсени во областа на општина Рашка, на длабочина од повеќе од еден километар на територијата на Србија. 

Рашка се наоѓа на југозапад од Србија, во близина на границата со Косово. 

Косовската полиција соопшти дека полицајците биле киднапирани за време на патрола во градот Тресава – Баре, во општина Лепосавиќ, на граничната линија на северот на Косово. 

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска соопшти дека имал состанок шефот на делегацијата на Европската Унија во Белград и со претставниците на земјите од Квинтата (САД, Велика Британија, Франција, Германија и Италија, на кој станало збор за апсењето на полицајците.  

Вучиќ изјави дека на претставниците на Квинтата им биле понудени сите докази за вчерашното апсење, како и дека лицата кои учествувале во апсењето се подготвени да направат полиграф. 

Според него, припадниците на косовската полиција не биле тепани или малтретирани по нивното апсење.

Косовскиот премиер Албин Курти денеска ги посетил семејствата на тројцата полицајци за кои Приштина тврди дека биле киднапирани од српоските власти.  

Курти на семејствата на полицајците, како што пренесува РСЕ, им рекол дека Канцеларијата за врски на Република Косово во Србија е во контакт со томашните институции На семејствата на полицајците им рекол дека Канцеларијата за врски на Република Косово во Србија е во контакт со тамошните институции во обид да добијат повеќе информации за нив.  

Поврзани вести:

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Резолуција на германскиот Бундестаг: Бугарија да го поддржи патот на Северна Македонија кон ЕУ и да се воздржи од дополнителни услови

Следно

Утревечер дел од улиците во Скопје ќе бидат затворени за сообраќај

Latest from Blog

Иран мобилизира жени во војска- учат да користат калашников, РПГ и снајпер (ВИДЕО)

Снимките и фотографиите објавени од иранските медиуми покажуваат жени, некои во униформа, како учат да ракуваат со автоматски пушки во центри за обука на отворено во Техеран, објавува британски „Телеграф“. Организаторите велат

Doli: Edhe 15 minatorë dolën nga miniera

Pesëmbëdhjetë minatorë kanë dalë nga miniera pas disa orësh të vështira të kaluara të ngujuar në thellësi, duke sjellë lehtësim dhe shpresë për familjarët dhe kolegët e tyre. Lajmin e ka bërë

Божиновска: Со Австрија отвараме нови можности за енергетска соработка

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во Виена оствари работна средба со Северин Грубер, генерален секретар на Сојузното министерство за економија, енергетика и туризам на Австрија. Во фокусот на

Претреси во просториите на најголемите производители на пиво во Јапонија

Асахи и Кирин потврдија за Би-Би-Си дека нивните канцеларии биле претресени од страна на Јапонската комисија за фер трговија, додавајќи дека целосно ќе соработуваат со регулаторното тело. Извештаите покажуваат дека биле претресени
Go toTop