МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА СОБИРА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ДА ПОЧНЕ РЕНОВИРАЊЕТО НА ШАЛТЕР-САЛАТА ВО ПОШТАТА ВО СКОПЈЕ

December 29, 2024
3 mins read

Министерството за култура и туризам ги собира потребните документи за да почне конзервацијата и реставрацијата на Шалтер-салата на зградата на Централната пошта во Скопје и да биде адаптирана во мултифункционален простор. Министерот за култура Зоран Љутков на 2 октомври најави дека зградата на Централната пошта во Скопје ќе биде реновирана и ќе има намена за мултифункционален комплекс кој ќе биде подготвен и за потребите на Скопје – Европска престолнина на културата 2028.

Зградата на Централната пошта во Скопје во 2021 се најде на листата 7 најзагрозени споменици во Европа за таа година. Листата на најзагрозени споменици ја составуваат Европа Ностра и Европската инвестициска банка. Уште тогаш тие објавија дека секој од загрозените споменици на листата ќе добие по 10.000 евра грант за активност која ќе придонесе за зачувување.

„Основниот проект за препокривање на Шалтер-салата веќе е изработен од страна на НУ Конзерваторски центар – Скопје, со чија реализација ќе се спречат натамошни оштетувања од атмосферски води. Во моментов, се чекаат имотниот лист и изводот од ДУП од АД ‘Македонски пошти’ за да може да се обезбеди конзерваторско одобрение од Управата за заштита на културното наследство, како и одобрение за градење од Министерството за транспорт и врски. Вториот проект кој треба да се изработи во 2025 година е проектот за конзерваторско-реставраторски работи на ентериерот на Шалтер-салата“, велат од Министерството за култура за САКАМДАКАЖАМ.МК.

На почетокот на август, тогашниот евроамбасадор Дејвид Гир, пред заминување од должноста, се сретна со вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и со претставници на Министерството за култура и разговарале за реставрација на централната зграда на Македонска пошта во центарот на Скопје како објект од културно и архитектонско значење.

Основниот проект за препокривање на Шалтер-салата веќе е изработен од страна на НУ Конзерваторски центар – Скопје, со чија реализација ќе се спречат натамошни оштетувања од атмосферски води, вели Министерствот за култура. (Фото: СДК.МК)

„Негрижата за културното наследство доведе до овој степен да објектите кои ни се од културолошка и архитектонска важност да останат незаштитени. Тоа нема да го толерираме. Денешната средба со евроамбасадорот Гир беше токму во таа насока, оштетениот објект на централната зграда на Пошта да го реставрираме и да го заштитиме како објект кој има културна вредност во историјата на Македонија. Тоа нема да е ниту лесен потфат, ниту евтин проект. Напротив, ќе треба да се вложи многу енергија, време и пред сѐ стручно знаење како и сериозни средства. Но, централниот објект на Пошта е од огромно историско и културно значење за Македонија како еден од најзначајните објекти од времето на брутализмот и мора да биде заштитен во својата основна форма и ставен во функција”, рече Николоски по средбата.

Гир со години често апелираше до македонските политичари и институции да не дозволат да пропадне зградата на Централната пошта во Скопје.

Целиот комплекс на Пошта на Северна Македонија, на кејот на Вардар во строгиот центар на Скопје, претставува вредно архитектонско дело на познатиот македонски и југословенски архитект Јанко Константинов (1926-2010). Објектот претрпе голем пожар во 2013 и како последица на тоа, оригиналната површина на куполата и фреските од Борко Лазески, како и опремата и осветлувањето, беа целосно уништени.

Дел од овој историски комплекс е и Телекомуникацискиот центар, но претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски објектот во кој е сместен МЕПСО го преоблече со барокна фасада. Тоа беше во рамките на озлогласениот проект „Скопје 2014“ за кој тогашната власт потроши над 700 милиони евра.

Во ноември 2023, Европската куќа во Скопје го одбележа 4. роденден со настан и изложба во зградата на Поштата.

„Денес стоиме овде во Пошта, веројатно најзначајниот пример на бруталистичка уметност, естетика што го обликуваше постземјотресниот архитектонски идентитет на Скопје. Да се потсетиме на културното наследство што треба да се заштити и негува. Денес, Пошта сè уште нема покрив и сѐ поголем е ризикот повеќе да не се користи и да се распадне. Сепак, Пошта, да ги употребиме зборовите на Сартр, не прифаќа пораз! Ниту ние. Решивме да го одбележиме четвртиот роденден на Европска куќа во Скопје токму тука. На Денот на ослободувањето на Скопје“, рече тогаш амбасадорот Гир, потсетувајќи ги гостите на листата на Европа Ностра и Европската инвестициска банка.

На 4. роденден на Европска куќа говореше и тогашната министерка за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, која не искоментира ништо за неговите забелешки, туку се заблагодари на амбасадорот Гир и кажа дека „Оваа значајна пригода, на Европска куќа од културен карактер успеа да ги зближи историјата и иднината, со креативноста на студентите по архитектура“.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Почина Јагнула Куновска, истакната правничка и политичарка

Следно

Ефтимов: Членовите на Судски совет прават параван зад кој се затскриваат многу други постапки, секој еден поединец во правосудните органи е подложен на одговорност

Latest from Blog

Стапува на сила Законот за нефер практики, треба да донесе стабилизација на цените и нивно постепено намалување

Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) од денеска почнува со спроведување во пракса на казнените одредби од Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени

Првото бебе во 2025 година се роди!!!

Првото бебе во 2025 година се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00.01 часот. Годинава ја почнавме со принц! Бебето е од машки пол, тешко е 3190грама

Среќна Нова 2025 година!

Почитувани гледачи и читатели, На прагот на новата година, со искрена благодарност за Вашата поддршка, Ви упатуваме топли желби за среќа, здравје и љубов. Нека 2025 година донесе исполнување на Вашите соништа

ИЈЗ: За Новата година намалете со месото, сармите и тортите, преиспитајте го и пијалокот

Од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) попладнево советуваат за здрава исхрана за време на празниците, избегнување алкохол и засладени пијалаци, физички активност, доволно сон и да не се користат пиротехнички средства. Да
Go toTop