На иницијатива на претседателката Сиљановска-Давкова настан „Климатски промени – ризици и предизвици“

April 7, 2026
1 min read

На иницијатива на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Кабинетот на претседателот, ќе се одржи настан насловен „Климатски промени – ризици и предизвици“.

На настанот ќе учествуваат универзитетски професори, експерти, претставници на државни институции и граѓанскиот сектор. Дискусиите ќе бидат фокусирани на институционална рамка и законска регулатива за климатски промени, квалитет на воздухот и здравствени последици, климатски ризици, отпорност и иновативни мерки за адаптација и интегрирано управување со води, квалитет на водите, георизици и адаптација на земјоделството.

Како што најавуваат од Кабинетот на претседателката, воведни обраќања ќе имаат претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, националната координаторка за климатски промени, Теодора Обрадовиќ-Грнчаровска и Владо Спиридонов, доктор по метеоролошки науки и член на Советот за безбедност.

Целта на стручната дискусија е да произлезат заклучоци, препораки и предлог-мерки за превентивно дејствување и иновативни решенија за адаптација на климатските промени.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиновска во Белата куќа: Енергетиката во фокус на ново стратешко партнерство со САД

Следно

Иран претстави мировен план во 10 точки: Такса од два милона долари по брод за минување низ Ормуската теснина

Latest from Blog

Петгодишно дете загина, откако врз него падна огромен екран во училиште на Флорида

Несреќата се случи во училиштето „Ривиера“ во Палм Беј. И покрај брзата интервенција на училишниот персонал и службите за итни случаи, момчето им подлегна на повредите во болницата подоцна истиот ден, пишува
Go toTop