Иран претстави мировен план во 10 точки: Такса од два милона долари по брод за минување низ Ормуската теснина

April 7, 2026
1 min read

 Иран презентираше предлог од 10 точки за прекин на конфликтот со САД и Израел, што, меѓу другото, предвидува воведување на такса од околу два милиони долари по брод за премин низ Ормуската Теснина, а приходите ќе се користат за обнова на инфраструктурата уништена од американските и израелските напади. 

Двајца високи ирански функционери, зборувајќи под услов да останат анонимни, рекоа дека предлогот вклучува гаранција дека Иран нема повторно да биде нападнат, крај на израелските напади врз Хезболах во Либан и укинување на сите санкции, објави „Њујорк тајмс“. 

За возврат, Иран ќе ја укине де факто блокадата на преминот и ќе ги дели приходите со Оман, додека целиот предлог ќе вклучува протокол за безбедно преминување, обнова на инфраструктурата и прекин на регионалните непријателства. 

„Аксиос“ претходно, повикувајќи се на американски, израелски и регионални извори, објави дека САД, Иран и регионалните медијатори разговараат за потенцијално 45-дневно примирје како дел од двофазен договор што би можел да доведе до траен крај на војната. Договорот, привремено наречен „Договор од Исламабад“, би вклучувал регионална рамка за теснината, со финални разговори лице в лице во Исламабад. 

Ирански претставници претходно изјавија дека Техеран бара траен прекин на огнот со гаранции дека нема повторно да биде нападнат од САД и Израел.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На иницијатива на претседателката Сиљановска-Давкова настан „Климатски промени – ризици и предизвици“

Следно

Македонски Концепт: Македонскиот јазик е обврска за сите во јавниот систем

Latest from Blog

Петгодишно дете загина, откако врз него падна огромен екран во училиште на Флорида

Несреќата се случи во училиштето „Ривиера“ во Палм Беј. И покрај брзата интервенција на училишниот персонал и службите за итни случаи, момчето им подлегна на повредите во болницата подоцна истиот ден, пишува
Go toTop