Министерство за туризам на Грција: Посетителите со кампери и приколки можат да се паркираат во организираните кампови

May 4, 2025
1 min read

Граѓаните/посетителите со кампери можат да се паркираат во организирани кампови, односно во бизнисите кои работат законски и ги исполнуваат сите хигиенски и безбедносни стандарди за посетителите и, генерално, законските урбанистички и еколошки стандарди, со што се става крај на злоупотребувачкото окупирање на шумите, плажите, археолошките локалитети и, генерално, на просторите за јавна употреба од кампери и приколки, соопштија од Министерството за туризам на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Соопштението се однесува на законот изгласан на крајот во јануари, што како што објави МИА во петокот, во Грција се актуализираше откако на Пелопонез тројца кампери добиле казната од 300 евра за непрописно паркирање на бесплатен јавен општински паркинг на кој, според медиумите, немало никаква ознака со која се забранува паркирање на кампери во оваа област.

Со законот е забрането поставување шатори и паркирање приколки, полуприколки и кампери на археолошки локалитети, крајбрежни делови, плажи, на рабови на јавни шуми и општо на јавни површини, а за прекршувањето предвидена е казна затвор до три месеци или парична казна од 300 евра по лице или по шатор или по превозно средство.

Од Министерството за туризам, по рекациите во земјата, преку соопштението детално објаснуваат „што навистина предвидува Законот 5170/2025 за кампер возилата/приколките“, истакнувајќи дека конкретната одредба „го озакони очигледното“ и дека се применува она што важи во сите земји, кои ги почитуваат законите, „кои ги штитат јавните добра, хигиената и безбедноста на сите граѓани и посетители, а во исто време јасно забрануваат злоупотреба на јавниот простор на штета на природната и културната средина“.

– Со други зборови, ние го штитиме јавниот интерес и ја штитиме законитоста!, истакнаа од Министерството за туризам на Грција.

Објаснија дека паркирањето на кампер возилата и приколките е регулирано со Законот за безбедност во сообраќајот според кој во населени места, паркирањето на приколки, каравани и чамци е забрането повеќе од 24 последователни часа и дека „можат да се паркираат во соодветни оградени области одредени од надлежните општини или заедници.“

Дополнително посочија дека на приватните имоти, законот предвидува бесплатно паркирање на само еден кампер или приколка, а за дополнително користење на просторот потребно е „создавање бизнис“.

– На овој начин, се поставува бариера за нелегалната активност на сметка на легалните и лиценцирани кампови, соопштија од Министерството за туризам на Грција.

За конкретниот закон и казнетите кампери минатиот викенд, како што завчера објави МИА реагираа од Грчкиот клуб на кампери, со оглед на тоа што казнетите се нивни членови, а Управниот одбор одлучил во соработка со правниот застапник да изготват писмо до надлежните министри за туризам и транспорт со барање за дополнително појаснување на спорниот член 27 од законот и прашањето да го покренат и во Парламентот.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шолц во својот последен говор како канцелар повика на мирна и обединета Европа

Следно

Филипче: Пораките на Гоце Делчев денес се поактуелни од кога било

Latest from Blog

Рубио откри дека се уште се утврдува местото за преговори со Иран- Турција и дефинитивно отпаѓа

Рубио, исто така, на прес-конференција изјави дека иранската влада претходно се согласила на формат за состанокот во петок во Турција, но се чини дека се предомислила, објави Ројтерс. Рубио додаде дека специјалниот

Состанок во Влада за Реформската агенда: Фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност и владеењето на правото

Во Владата вечерва се одржал состанок за Реформската агенда, информира премиерот Христијан Мицкоски. -Вечерва одржавме состанок посветен на реформската агенда, со фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност, владеењето на

Директорот на Идризово: Има изживување, силување, но и љубов меѓу затворениците

Гостин во „Претрес со Ландов” е генерал мајор Зоран Јовановски-Челик, директор на КПУ Идризово.Тој отворено говори за лошите услови во затворот, иако има подобрување. Како Управа од властите овие 3 години бараат

(ВИДЕО) Омерагиќ: ФФМ инвестира во модерен фудбалски амбиент: Националната арена доби LED екран од 210 метри

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја реализираше својата најнова инвестиција – сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, со цел подобрување на искуството за публиката, зголемена видливост за партнерите и создавање дигитален фудбалски
Go toTop