Министерот во заминување Шаќири демантира дека основал медицински факултет на Универзитетот на Мерко

June 13, 2024
1 min read

Од одредени политички субјекти сум прозван дека сум основал Факултет за здравствени науки при Меѓународниот универзитет во Струга. Некои пак споменуваат Факултет за медицински науки, а тоа се два различни поими. Нема да навлегувам во причините за ваквите објави, дали се тенденциозни или од незнаење, но оваа информација категорично ја демантирам. – стои во соопштението од министерот во заминување Шаќири.

– Би сакал да појаснам дека министер не може да основа високообразовна установа. Тоа е цела постапка во која се инволвирани повеќе надлежни институции и органи, а меѓу нив и Министерството за образование и наука кое во суштина, има најмалку надлежности. Основањето на една високообразовна установа, во случајов факултет во состав на веќе постоечки универзитет започнува со иницијатива на самиот универзитет, која најпрво треба да добие позитивно мислење, односно согласност од Владата. Потоа, Одборот за акредитација при Агенцијата за квалитет на високото образование го акредитира проектот доставен од универзитетот. Понатаму, следи носење на акти за основање и работа на факултетот од страна на матична комисија при универзитетот и дури потоа, по завршување на овие фази, врз основа на мислење на комисија за увид во исполнетост на условите за работа, во рамки на МОН, министерот за образование и наука носи одлука за исполнетост на условите и дозвола за почеток со работа. Во меѓувреме, Одборот за акредитација спроведува постапка за акредитирање на студиските програми, до чие завршување факултетот не може да запишува студенти. Оваа постапка е во тек. Инаку, како и за повеќе други факултети, така и за овој – Факултет за здравствени науки каде ќе има тригодишни студиски програми за медицински сестри, а не студии за доктори, по доставениот извештај од страна на комисијата во МОН, потпишав Решение за исполнетост на условите за почеток со работа на високообразовната установа. Ништо противзаконски и ништо самоволно.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Мајка на ученик крвнички претепала наставничка во Србија: „Ќе ти го убијам семејството“

Следно

Двојно убиство во Кратово

Latest from Blog

ВИДЕО – Проданоски: Најголемата инвестиција е инвестицијата во нашите млади

Во прекрасниот амбиент на паркот кај Могилата на непобедените во Прилеп, вечерва беше одржан настан посветен на најуспешните ученици, учесници на државни и меѓународни натпревари, како и на првенците на генерациите. Дејан

Браво за Зеленортските Острови

Синоќа и утринава се одиграа уште шест меча од 3.коло во групната фаза на ова СП. Интересни резултати, сензации, имаше и калкулации ама секако дека најголемото пријатно изненадување е селекцијата на Зеленортските

Македонската берза ја заврши неделата со промет од 72,8 милиони денари

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 22.06.2026 до 26.06.2026 година, вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 72.798.475 денари, од кои

Израел и Либан постигнаа мировен договор во Вашингтон- Рубио: Ова е чекор кон мир

Либанската амбасадорка Нада Моавад и нејзиниот израелски колега Јехиел Лајтер го потпишаа трилатералниот документ со САД во Стејт департментот во Вашингтон. „Со задоволство го објавуваме рамковниот договор“ меѓу Либан и Израел, „со
Go toTop