Мајка на ученик крвнички претепала наставничка во Србија: „Ќе ти го убијам семејството“

June 13, 2024
1 min read

Наставничка по биологија во ОУ „Јован Дучиќ“ во Нов Белград била нападната и тешко повредена од мајка на ученик во ова училиште.

Нападот се случил попладнево, а наставничката со возило на Брза помош била пренесена во болница.

-Мајката дојде и ја праша наставничката по биологија зошто нејзиниот син добил 2-ка, а тој има просек за 3-ка. Притоа не знаела дека и оценката од првото полугодие се собира,  вели наставничка во ОУ „Јован Дучиќ“ која ја придружувала повредената колешка до болница.

Таа вели дека наставничката по биологија ја повикала мајката во кабинетот за да ги реши несогласувањата.

Но, наместо решение, се случило страшно насилство.

-Таа кажала грозни работи, „Кучко, не знаеш кој сум јас, ќе ти еб** мајка“, вели учителката.

Потоа се заканила дека ќе оди кај директорот, што наставничката по биологија го поддржала. Меѓутоа, таа одеднаш се вратила. Таа вели дека ја тегнела за косата до вратата, ја фрлила на под и ја удрила со главата во подот.

„Ќе ти го убијам семејството“

– Нема да работиш никаде на друго место, нема да работиш во ова училиште, ќе се сеќаваш на мене, не знаеш која сум. Ќе ти го убијам семејството, викала насилната мајка.

Бидејќи било одмор никој не ги слушнал повиците на нападнатата учителка за помош, па бесната мајка продолжила да вреска и да вели: „Никој не те слуша, ќе те убијам“.

Дури тогаш наставничката успеала да се спаси, дотрчала кај полицаецот, но тој не бил таму.

Вработените потоа повикале полиција, која дошла и земала изјава.

-Мајката која ја нападна учителката призна во полиција дека завршила курс за боречки вештини, вели соговорникот.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

ЕВРО2024: Англиската репрезентација е најскапа, а еве која е со најмала вредност

Следно

Министерот во заминување Шаќири демантира дека основал медицински факултет на Универзитетот на Мерко

Latest from Blog

Комуналец Прилеп: Секој агол од Могилата сведочи за грижа и посветеност

Паркот на Могилата во Прилеп и оваа сабота ги пречека посетителите во беспрекорна состојба – чисти патеки, уредени зелени површини и пријатна атмосфера што ги привлекува граѓаните да го поминат слободното време

ВИДЕО – Проданоски: Најголемата инвестиција е инвестицијата во нашите млади

Во прекрасниот амбиент на паркот кај Могилата на непобедените во Прилеп, вечерва беше одржан настан посветен на најуспешните ученици, учесници на државни и меѓународни натпревари, како и на првенците на генерациите. Дејан

Браво за Зеленортските Острови

Синоќа и утринава се одиграа уште шест меча од 3.коло во групната фаза на ова СП. Интересни резултати, сензации, имаше и калкулации ама секако дека најголемото пријатно изненадување е селекцијата на Зеленортските

Македонската берза ја заврши неделата со промет од 72,8 милиони денари

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 22.06.2026 до 26.06.2026 година, вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 72.798.475 денари, од кои
Go toTop