Министерот Спасовски со честитка по повод Рождеството Христово – Божик: Со нова енергија да бидеме инспирирани на благородни дела, солидарност и заедништво

January 7, 2023
1 min read

Интегрална честитка од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по повод празникот Рождество Христово – Божик:

Дозволете ми свое лично име и од име на МВР да ви го честитам првиот празник меѓу празниците, Рождеството Христово – Божиќ, со желби, пред сѐ, за добро здравје, духовен спокој и мир.

На спасоносниот и најрадосниот ден, кога надежта и верата победуваат, Синот Божји се раѓа, носејќи го семето на вечниот живот за да нѐ избави од ропството на гревот, подавајќи ни рака за наше спасение.

Христовата незалезна светлина духовно нѐ воздигнува и ни отвора нови порти кон нови возвишени цели. Преку новиот живот да создадеме подобра иднина.

Со нова енергија да бидеме инспирирани на благородни дела, солидарност и заедништво. Да бидеме добри секогаш, секаде и со секого.

Нека блескавата Витлеемската ѕвезда повторно го осветли нашиот пат, потсетувајќи нѐ на вистината, дека Христос се роди и Бог го испрати спасението на човештвото.

Честитајќи ви го Божиќ, ви посакувам празничната радост да ја споделите со најблиските, со чисто срце и искрена љубов.

Христос се роди!

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Момчињата ранети во пукањето кај Штрпце се во добра состојба, прекината блокадата на патот

Следно

Уапсен Албанецот кој пукал во српските момчиња, не се чувстувувал виновно

Latest from Blog

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop