Милевски: Сериозната, моментална борба на Владата ги вади на површина сите криминали кои судството ги премолчувало наназад низ годините

February 12, 2025
1 min read

Судската власт треба да е независна и треба независно да суди, да го спроведува правото, да избира судии, да ги следи и да ги мониторира судските процеси, а обвинителството исто така и Советот на јавни обвинители треба да ја следи работата на јавните обвинители, да назначува јавни обвинители и да се водат постапки онака како што треба во предистражни дејствија и се што следува, вели Пеце Милевски, пратеник од владејачката ВМРО-ДПМНЕ во неговото утринско гостување на Радио Лидер зборувајќи за состојбите во судската власт.

Тој истакнува дека политиката наназад низ годините длабоко била навлезена во останатите власт во кои всушност и не треба да ја има, оттаму потекнуваат и најавените промени, како и интерпелацијата која треба да се случи за оние членови во Судскиот Совет кои ги назначува Собранието.

„Се надевам дека тоа, во една широка дебата онака како што порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, односно претседателот на Владата, професорот Христијан Мицкоски којшто уште при добивањето на изборите ја најави таа реформа во судството или правосудството, ќе се разговара помеѓу сите политички фактори во државата и да се случат промените“, јасен е Милевски.

Милевски исто така потсетува дека стара болка се забележаните случаи кои во oбвинителството се чуваат во фиоки наназад низ годините, а притоа се работи за особено важни, суштински случаи за кои постојат материјални докази по кои може да се постапува. Истовремено пак, од друга страна, пратеникот вели дека има апсурдни обвиненија и кривични пријави кои се случуваат кон градоначалници, локална самоуправа или директори.

„Нашата Влада се бори со криминалот и ги открива сите криминали коишто се случувале, се случија нели сериозни апсења, сериозна борба се случува со криминал во моментов и како излегуваат тие работи на површина јавноста се повеќе губи доверба во тоа судство коешто наназад низ годините молчело. Затоа недовербата уште е поголема и затоа паѓа довербата во судството и обвинителството“, прецизира Милевски.

Според него, за жал тоа СЈО и понатаму на некој начин е инсталирано внатре во самиот обвинителски систем поради што настрадaле и страдаат многу луѓе, но апелира до целата јавност да се вложи труд за подобрување на процентот на препознавање на лажните вести.

Истовремено тој смета дека проблемот во судството, правосудството е манифестиран преку довербата, односно недовербата во истото.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сиљановска-Давкова оствари средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје

Следно

Владата не најде друго решение за високите цени на храната, па ги ограничи маржите до крајот на април

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop