Владата не најде друго решение за високите цени на храната, па ги ограничи маржите до крајот на април

February 12, 2025
1 min read

По порастот на цените на основните прехранбени производи и граѓанските бојкоти што беа организирани во изминатите две недели, Владата донесе одлука да ги ограничи маржите во трговијата на мало до 10 проценти и исто толку и во трговијата на големо. Извештајот на Државниот пазарен инспекторат покажа дека кај трговците на мало утврдено е дека имало над 20 проценти маржа на основните прехранбени производи и над 30 проценти маржа кај средствата за лична хигиена. Кај увозниците дистрибутери утврдени се повисоки маржи кои оделе дури и до 50 проценти. 

Ограничувањето на маржите ќе трае до 30 април, а ќе бидат опфатени основните прехранбени продукти, како и детергентите и бебешката храна.  Министерството за економија ќе разгледува дали покрај оваа мерка, ќе има потреба да се носат и дополнителни кошници. До петок треба да се изврши и контрола кај производителите на млеко и млечни производи и производителите на месо и млечни производи. 

– Владата го задолжи Министерството за економија да донесе одлука за 10-процентно ограничување на маржата во трговија на мало и за 10 проценти на трговија на големо на основните прехранбени производи на истите 73 групи на производи кои беа во претходните кошници, но истата да се дополни со средства за хигиена како што се детергентите, како и со бебешката храна и други непрехранбени производи кај кои е забележана многу висока маржа, а истите се дел од основните потреби на граѓаните. Очекуваме да бидат вклучени над 100 групи на производи, изјави вчера портпаролката на Владата, Марија Митева. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Милевски: Сериозната, моментална борба на Владата ги вади на површина сите криминали кои судството ги премолчувало наназад низ годините

Следно

Играј со најдобрите: Видеолотарија Касинос Австрија со 30.269.369 денари реновираше 11 игралишта во Скопје

Latest from Blog

Комуналец – Прилеп: Во тек е санација на клупите во населбата Точила

Во прилепската населба Точила во тек се активности за санација на оштетените клупи, каде Јавното комунално претпријатие ЈКП Комуналец Прилеп ги заменува искршените и откорнати штафни на клупите поставени за одмор и

Николоски: Автопатот Охрид–Кичево влегува во финална фаза на изградба

Автопатот Охрид–Кичево, еден од најдолгите и најконтроверзни инфраструктурни проекти во државата, ќе биде целосно завршен до крајот на оваа или почетокот на следната година, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

ВЛЕН денеска станува единствена партија, конгрес во Скопје

ВЛЕН денеска во Скопје на конгрес официјално ќе се трансформира во единствен политички субјект, со што досегашната коалициска структура ќе прерасне во една партија. Со новата организациска поставеност, копретседатели ќе бидат Изет

Коњановски: Запуштениот простор зад полицијата во Битола доби нов изглед

Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски информираше дека е завршено партерното уредување на просторот зад зградата на битолската полиција, локација каде претходно биле отстранети гаражи и времени објекти. Според Коњановски, станува збор
Go toTop