Милановиќ положи заклетва за претседател на Хрватска

February 18, 2025
1 min read

Зоран Милановиќ денеска свечено положи заклетва за втор мандат претседател на Хрватска пред претседателот на Уставниот суд, Мирослав Шепаровиќ, ветувајќи лојалност кон Уставот и оти ќе ја извршува должност за доброто на хрватскиот народ и хрватските граѓани.

На инаугурацијата присуствуваа поранешни претседатели, претставници на институциите, на армијата, на верските заедници, лидери на партии, но немаше претставници од Владата на Хрватска.

Вториот петгодишен мандат на Милановиќ официјално почнува утре.

– Основна задача на државните институции е да го зачуваат мирот и безбедноста на граѓаните, а не мислам само на мирот и безбедноста во најелементарна, физичка смисла. Втората, речиси подеднакво важна цел е да се осигури дека тешките времиња не станат драматични времиња. Исто така, за да не се става најголем товар на грбот на најслабите и најмалку заштитените, а од добрите години да не профитираат само оние најблиските до центрите на моќ, најагресивните, најкомпетентните. Нееднаквоста и корупцијата подмолно го нагризуваат општественото ткиво, како злобна болест. Неопходно е да се изградат и унапредат правни и општествени механизми кои ќе овозможат да не попуштаме материјално или духовно во лоши времиња, а во време на просперитет да ја одржуваме реалноста, истакна Милановиќ.

Тој наведе дека другите држави и нации генерално не и посакуваат лошо на Хрватска, но оти кога се соочуваат „со изборот помеѓу нивните сопствени интереси и нашата благосостојба, тие секогаш ќе се одлучуваат за своите интереси, вклучувајќи ги и нашите пријатели и сојузници … Ова е реалноста на светот во кој живееме. Ова е повик да престанеме да нè занесуваат илузии, дека некој однадвор ќе се грижи за нас, кога ни е тешко или кога навистина ни е потребно, наведе Милановиќ.

Според него се што Хрватска постигнала е заслуга на хрватскиот народ.

– Наш интерес е само нашите институции да бидат независни, професионални и одговорни, како што се медиумите или како што звучи подобро новинарството. Ова е, меѓу другото, предуслов за стабилноста и функционалноста на нашиот уставно-правен поредок и нашиот демократски систем. Тоа е, на едноставен јазик, штит против самоволието и тиранијата, истакна Милановиќ.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коцевски: Меѓучовечките односи во Вишото јавно обвинителство Скопје се нарушени, токму поради тоа ја предложив Наташа Крстевска Цалева за функцијата

Следно

Пораст на заболени од шуга минатата година во споредба со 2023 година

Latest from Blog

Еспањол ја покори Баскија!

ФОТО: RCD Espanyol de Barcelona/FB Еспањол ја покори Баскија, го освои Билбао. Фудбалерите на Еспањол вечерва победија на гостувањето кај Атлетик Билбао со 2:1, во натпреварот од 17-то коло на шпанската Примера.

Утре се празнува Преподобна Ангелина-заштитничка на семејството, мајките и жените

Преподобна Ангелина била сопруга на светиот деспот Стефан Бранковиќ и мајка на светите Јован и Максим. Таа е позната како пример на христијанска трпеливост, смирение и длабока вера. По смртта на сопругот,

Ахмети живее во фолклорот од пред 20 години, вели Муцунски за барањето за избор на Влада со „Бадентер“

Али Ахмети уште живее во фолклорот од времето кога првпат има земено учество во владата од 2002 година. Поминати се многу години, повеќе од 20 од времињата во коишто е заглавена неговата
Go toTop