Коцевски: Меѓучовечките односи во Вишото јавно обвинителство Скопје се нарушени, токму поради тоа ја предложив Наташа Крстевска Цалева за функцијата

February 18, 2025
1 min read

Меѓучовечките односи во Вишото јавно обвинителство Скопје се нарушени и токму поради тоа ја предложив јавната обвинителка Наташа Крстевска Цалева за функцијата, вели републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски. 

Коцевски, посочи дека Крстевска Цалева е јавен обвинител со интегритет и токму поради тоа ја предложил да раководи со Вишото јавно обвинителство Скопје, додека трае оддалечувањето од функција на вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи.

– Оваа јавна обвинителка е со интегритет и токму поради тие нарушени меѓучовечки односи, ценев дека најцелисходно е истата да врши одредени работи во Вишото јавно обвинителство Скопје. Тоа не е в.д., туку е обвинител кој што ќе потпишува, ќе прима пошта, ќе распределува и ќе врши тековни работи, затоа што следи извештај, следи завршна сметка и т.н. Значи, мора некој јавен обвинител да врши определени работи и токму затоа, изјави Коцевски.

 Прашан дали нејзиното повлекување од функцијата е направено под притисок и постапката за негово разрешување, Коцевски рече дека не бил известен од нејзина страна за барањето и оти за тоа дознал од Претседателката на Советот на јавни обвинители. 

-Мене не ми кажала ништо, јас бев сега изненаден. Не знам, евентуално кои се вистинските причини. Дали е ова што стоеше во писменото барање, со оглед дека се работи само за една реченица дека бара да биде ослободена од вршење на овие обврски за да се посвети на предметно работење, изјави Коцевски. 

Советот на јавни обвинители на следната седница ќе одлучува по барањето на јавната обвинителка Наташа Крстевска Цалева да биде ослободена од функцијата шефица на Вишото јавно обвинителство Скопје, додека трае оддалечувањето од функција на вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи.

Претседателката на Советот,  Душица Димитриевска, на денешната седница, информира дека во текот на вчерашниот ден до Советот е поднесена молба или барање од страна на обвинителката Наташа Крстевска Цалева.

– Краток допис во кој се наведува дека со оглед на тоа што сум штотуку дојдена во ВЈО Скопје и имам потреба да се фокусирам на предметни работење, молам да бидам ослободена од оваа задача на која подобро би одговорил јавен обвинител со поголемо работно искуство, информира Димитриевска. 

Одлуката Крстевска Цалева да ја презема функцијата шефица на Вишото јавно обвинителство, додека трае оддалечувањето на вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи, Советот ја донесе на седница одржана на 10 февруари годинава.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот претседател Ердоган се состана со Зеленски во Анкара

Следно

Милановиќ положи заклетва за претседател на Хрватска

Latest from Blog

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Како што соопшти Министерството вчера, „остварувајќи го своето суверено право“, Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година со кој беше формиран парламентот за шест централноамерикански држави, одлуката стапува на сила

Ким Џонг-ун го надгледувал лансирањето на хиперсонична ракета

Ракетата беше лансирана во Источното Море како дел од обуката за ракетни единици кои ракуваат со „хиперсоничен стратешки систем на оружје“, соопшти KCNA. Ким рече дека способноста за контранапад на севернокорејската војска

Shteti shqiptar për Çamërinë 1925–1928

Traktati për minoritete, i nënshkruar pas Luftës së Parë Botërore pothuajse nga të gjitha shtetet e Evropës, ua njihte minoriteteve të gjitha të drejtat. Edhe Shqipëria, duke qenë ndër ato shtete që e nënshkruan këtë traktat, ia njohu minoritetit grek në Shqipëri të
Go toTop