МФ: Добрите макроекономски политики го потврдија кредитниот рејтинг „ББ+“ со стабилен изглед од Фич

October 7, 2023
1 min read

реклама

Република Северна Македонија го задржа кредитниот рејтинг „ББ+“ со стабилен изглед, што е потврдено во најновиот извештај на Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“. Задржувањето на кредитниот рејтинг е резултат на спроведувањето правилно дизајнирани, кредибилни и кохерентни макроекономски и финансиски политики, конзистентни со долго одржуваниот фиксен девизен курс. Резултатот е особено значаен, ако се има предвид глобалното окружување и неповолните фактори, како што се техничката рецесија во СР Германија и продолжената војна во Украина.

Од „Фич“ очекуваат намалување на буџетскиот дефицит на 4,5% од БДП во 2023 година, кој дополнително ќе се намали во 2024 година и ќе биде на нивото од 3,4% од БДП.

реклама

Според „Фич“, зајакнувањето на фискалната консолидација следува како резултат на континуираниот напредок на Владата во управувањето со јавните финансии и воведувањето на фискални правила и Фискален совет, согласно новиот Закон за буџети.

Инфлацијата е сведена на едноцифрено ниво, а од Агенцијата очекуваат таа да продолжи да се намалува во 2024 година, како резултат на замрзнувањето на цените на храната и ценовните очекувања.

реклама

Од Агенцијата нотираат дека растот на платите и пензиите ја зголемуваат потрошувачката, а тоа ќе влијае позитивно и на економскиот раст. Приватната потрошувачка и инвестициите особено во енергетскиот сектор, како и изградбата на Коридорот 8 и 10 д ќе продолжат да го поттикнуваат растот во текот на прогнозираниот период.

Кредитниот рејтинг позитивно влијае врз одлуките за инвестирање во една земја, што пак понатаму има влијание врз зголемувањето на економскиот раст,  извозот, вработеноста и платите.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије до САД: Престанете да соработувате со терористите на ПКК/ЈПГ на северот од Сирија

Следно

Ден на бесплатни стрипови

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop