Ден на бесплатни стрипови

October 7, 2023
1 min read

Стрип книжарницата „Бункер“ денеска го организира 3. „Ден на бесплатни стрипови“. Во рамки на настанот бесплатно ќе бидат поделени околу 700 стрипови, а целта е промовирање и ширење на стрип-културата.

Во понудата е широк спектар на изданија наменети за различни возрасни групи.

Стриповите ќе бидат делени по принципот „прв дојден, прв услужен“, секој посетител ќе има право да земе најмногу два стрипа од претходно направената листа. Покрај бесплатните стрипови стрип, „Бункер“ ќе понуди и 30 отсто попуст на целокупниот асортиман.

Бројката расте, бидејќи во акцијата се вклучуваат и голем број домашни издавачи и поединци. Настанот ќе трае до 15 часот или додека не се потрошат количествата. Во соработка со „Светот на Биби“, еден дел од стриповите ќе бидат подарувани и во нивната продавница во Битола, со што настанот добива регионален карактер, информираат од „Бункер“.

„Денот на бесплатни стрипови“ е најмасовниот настан во светот на стрипот – ден во годината кога во специјализираните книжарници за стрипови на посетителите им се делат бесплатни примероци. Манифестацијата прв пат се одржа во САД во 2002, а потоа се прошири и во многу други земји. Во првите шест години поделени се повеќе од 12 милиони бесплатни стрипови во над 30 земји.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МФ: Добрите макроекономски политики го потврдија кредитниот рејтинг „ББ+“ со стабилен изглед од Фич

Следно

(ВИДЕО) Една жена загина, а над десет лица се повредени во ракетниот напад на ХАМАС врз јужниот дел на Израел

Latest from Blog

Тоневски со честитка до учениците во Пробиштип: Бидете љубопитни, храбри и истрајни

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, по повод почетокот на новата учебна година упати честитка до учениците, наставниците и родителите. Тоневски посочи дека училишното ѕвонче го означува почетокот на нова година исполнета

ЕУ подготвува поголеми вложувања во критични минерали – Македонија има само една активна инвестиција

Европската Унија планира во следниот седумгодишен буџет да одвои повеќе средства за зајакнување на сопствената независност во снабдувањето со критични минерали. Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, повика новата финансиска

Божиновска во Велес: Стручното образование е клучна основа за идниот развој на Македонија

По повод почетокот на новата учебна година, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска го посети ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ во Велес, каде што се сретна со директорот Горан Богоевски,
Go toTop