Мета од затворски притвор: Не сум виновен

October 22, 2024
1 min read

Поранешниот претседател на Албанија, премиер и претседател на Собрание, Илир Мета, заврши во затвор..Специјални единици го приведоа поранешниот шеф на државата на влезот на Тирана, додека се движел кон местото каде требало да оддржи прес конференција.

Извлечен од автомобил и уапсен на автопат, Мета веднаш бил транпортиран во специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција кое го бара за неколку кривични дела..Мета, кој е еден од највлијателните политичари во албанија, заврши зад решетки поради сомнеж дека е вмешан во серија корупциски афери додека извршувал некои од најважните функции во државата.

Од затворот каде што е сместен, лидерот на Партијата на слободата, негираше поврзаност со кривичните дела за кои го теретат и ја обвини владата на Еди Рама дека намерно сака да го замолчи.

„Од денес нашата борба започнува нова страница во соочувањето со брутално инсталираната нарко-држава без никаков компромис. Се чувствувам горд што бев насилно киднапиран од антиалбанци и оние кои говорат албански само поради мојот патриотизам и заштита на националните интереси.“ – рече Мета.

Еди Рама пак смета дека албанската политикам се наоѓа во деликатен период предупредувајќи дека еден дел е веќе е уништен а тие кои се вмешани во корупција сега молчат и се обидуваат да ги скријат трагите.

„Чистите раце прават едно, валканите раце друго, отворените едно, скриените друго. Значи, потребна е многу сила, многу внатрешна моќ да не се откажеме, бидејќи политиката во Албанија денес е во момент на деградација, како што е истовремено и момент на преобликување.“ – Еди Рама премиер на Албанија.

Албанската опозиција бурно реагираше, тврдејќи дека апсењето е политички мотивирано, и дека не би било изненадување ако Мета биде ликвидиран…

„Сè во овој случај е политички мотивирано и по наредба на Еди Рама, кој на сите начини се обидува да го елиминира Мета политички, а ако е можно и физички.“ – Сали Бериша поранешен претседател и премиер на Албанија.

По острите реакции на опозициските парии и дел од јавноста дека се прекршени голем број на процедури при апсењето на поранешниот претседател, од албанската полиција велат дека Мета бил замолен да излезе од автомобилот, но тој арогантно и со навреди одбил да го стори тоа. Од албанското МВР велат дека врз основа на процедурата Мета бил изваден од возилото и присилно приведен поради противење на спроведувањето на судската одлука. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Левица поднесе кривична до собранискиот спикер Гаши

Следно

По апсењето на Мета, средба на Ненси Ван Хорн, со министерот Хоџа

Latest from Blog

Кирков до Арсовска: Знаете ли дека Дрисла ви изгоре, Вардариште исто така, а Скопје е затрупано со смет кој не го собирате

Советникот од ВМРО-ДПМНЕ во Совет на Град Скопје, Стефан Кирков, со своја објава на фејсбук упати неколку прашања до моменталната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска. Кирков праша: „Добар ден градоначалничке? Како

Чаир добива нова канализација и водовод – Меџити на терен

Првиот-вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити денеска ја посети улицата 157 во населба Гази Баба, каде што работите на инфраструктурниот проект се одвиваат со забрзано темпо. Канализацијата за атмосферски води

„Моја Кравица“ ја стартува својата прва национална наградна игра во Македонија

Бимилк со гордост ја претставува својата прва наградна игра за брендот Моја Кравица во Македонија, под слоганот „Исполни си ги желбите со Моја Кравица!“. Наградната игра ќе трае од 15 септември до
Go toTop