Мета деактивирала над 540.000 профили поради забраната за социјални мрежи во Австралија

January 12, 2026
1 min read

Компанијата „Мета“ деактивирала повеќе од половина милион кориснички профили во Австралија како последица на првата во светот забрана за користење социјални мрежи за лица помлади од 16 години, соопшти денеска компанијата.

Според „Мета“, во периодот од 4 до 11 декември биле отстранети вкупно 544.052 профили за кои било проценето дека припаѓаат на корисници под 16 години. Од нив, 330.639 биле на „Инстаграм“, 173.497 на „Фејсбук“, а 39.916 на платформата „Тредс“.

Со новиот закон, кој стапи во сила на 10 декември, на лицата под 16 години им е забрането да имаат сопствени профили на 10 големи социјални мрежи, меѓу кои „ТикТок“, „Снепчет“, „Редит“ и „Јутјуб“.

Компаниите опфатени со законот добија рок од една година за воведување мерки за проверка на возраста, а прекршувањата ќе се казнуваат со високи парични казни, до 49,5 милиони австралиски долари (околу 33 милиони американски долари).

„Мета“ соопшти дека континуираното усогласување со законот ќе биде „повеќеслоен процес“, кој компанијата ќе продолжи да го унапредува. Сепак, во објава на својот блог, компанијата повторно изрази загриженост околу утврдувањето на возраста на корисниците на интернет без унифициран индустриски стандард.

„Како што и претходно изјавивме, Мета е посветена на исполнување на своите законски обврски и ги презема неопходните чекори за да остане усогласена со законот“, се наведува во соопштението.

Компанијата ја повика австралиската влада на „конструктивен дијалог со индустријата“ за да се изнајде подобро решение, како што е поттикнување на сите компании да обезбедат побезбедни и соодветни онлајн искуства за младите, наместо воведување општи забрани.

„Мета“ оцени дека продавниците за апликации треба да бидат задолжени да ја проверуваат возраста и да бараат согласност од родителите пред децата да можат да преземат апликација, нагласувајќи дека тоа е единствениот начин за доследна и сеопфатна заштита на младите корисници.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување

Следно

Какво непочитување кон ривалот: Сите зборуваат за потегот на Килијан Мбапе по натпреварот (ВИДЕО)

Latest from Blog

Во Кувајт уапсени 24 лица осомничени за финансирање терористички ентитети

„Безбедносните сили спроведоа операција со која се спречи криминален заговор насочен кон поткопување на безбедноста на земјата и финансирање терористички субјекти и организации“, се вели во пораката од министерството објавена на социјалната

ДПИ проверил над 800 продажни места, извештајот испратен до Министерство за економија

Државниот пазарен инспекторат го доставил извештајот од извршените инспекции до Министерството за економија од кој ќе зависи дали по Велигден ќе има нови мерки против поскапувањата како намалување на ДДВ и ограничување

Елмас и Наполи извлекоа реми кај Парма

Елис Елмас и неговиот тим Наполи, извлекоа бод во ремито на гостински терен против тимот на Парма, во рамките од новото коло од Серија А шампионатот. Иако фаворит, Наполи од самиот старт
Go toTop