Меси запрен на пасошка контрола во Кина

June 13, 2023
1 min read

Најдобриот аргентински фудбалер, Лионел Меси, бил запрен на аеродромот во Пекинг откако покажал шпански пасош наместо аргентински, откриваат медиумите на островот.

35-годишниот фудбалер слета во кинеската престолнина вчера за да им се придружи на соиграчите пред пријателските натпревари против Австралија и Индонезија, патувајќи со приватен авион и придружуван од блискиот пријател Анџело Ди Марија.

Но, додека летот се одвиваше според планираното, на Меси првично не му беше дозволено преку пасошка контрола, а локалните медиуми тврдат дека тој верувал дека може да влезе во земјата со неговиот шпански пасош, бидејќи нивните граѓани можат да влезат во Тајван без виза.

Меси тогаш наводно ги прашал официјалните лица: „Нели Тајван е дел од Кина?“.

Персоналот на аеродромот бил збунет што тој не ги понел матичните документи, па по чекање од околу 30 минути, Меси добил влезна виза и продолжил да патува кон тренинг кампот.

Актуелниот светски шампион Аргентина ќе ги одмери силите со Австралија на стадионот во Пекинг во четврток (15-ти јуни), пред да отпатува за Џакарта следниот понеделник (19-ти јуни) за да се соочи со Индонезија на стадионот Утама Гелора Бунг Карно.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Силен земјотрес погоди делови од Индија и Пакистан

Следно

Драмски театар во Прилеп ја крена публиката на нозе со „Чудна случка со кучето во ноќта“, овации за ТДМ и „Роња, ќерката на ограбувачот“

Latest from Blog

Херојска ноќ во Битолско: Пожарникарите со часови се бореа да ги заштитат селата

По повеќе од 33 часа непрекината работа на терен, пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите што изминатите денови зафатија повеќе села на територијата на општините Битола, Могила и Новаци. Пожарите избувнаа

Николоски: Македонското небо целосно покриено со најсовремени системи за контрола

Со инсталацијата на новиот ATM систем и новиот радарски систем во М-НАВ, Македонија го унапредува системот за контрола и безбедност на воздушниот сообраќај, информира вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар

ВЛЕН: На Ахмети му доаѓаат тешки денови, случајот „Груби“ отвора низа прашања

ВЛЕН отвора прашања околу политичките случувања во ДУИ и најавите на лидерот Али Ахмети за повлекување од активната политика, поврзувајќи ги со актуелните случувања околу Артан Груби. Во реакцијата се оценува дека

Видео: Јапонија погодена од рекордни врнежи. Илјадници заглавени на аеродром, четворица загинати во поплавите

Најмалку четири лица загинаа во поплавите, а многу домаќинства останаа без електрична енергија. Во делови од префектурата Чиба, која граничи со Токио, за 24 часа наврнаа повеќе од 360 милиметри дожд, поплавувајќи
Go toTop