Силен земјотрес погоди делови од Индија и Пакистан

June 13, 2023
1 min read

ИСЛАМАБАД (АА) – Силен земјотрес погоди делови од Пакистан и Индија, предизвикувајќи паника кај населението, пренесува Анадолу.

Индискиот национален центар за сеизмологија соопшти дека земјотресот со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 13 часот и 33 минути по локално време, а епицентарот бил во областа Дода во регионот Џаму и Кашмир под индиска управа.

Земјотресот што траеше неколку секунди, беше почувствуван и на северот на Индија, вклучувајќи го и главниот град Њу Делхи.

Засега нема известувања за штета.

Истиот потрес бил почувствуван и во неколку делови на соседен Пакистан, но тамошната сеизмичка управа измерила јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала.

„Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала погоди делови на Пакистан, вклучително и Исламабад, северозападната провинција Хајбер Пахтунхва и северниот регион Гилгит Балтистан“, потврди за Анадолу официјален претставник од Националниот сеизмички центар за мониторинг.

Според официјални лица, земјотресот бил на длабочина од 10 километри, а епицентарот бил во источниот регион на Кашмир.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Социјалните мрежи „горат“ поради снимките од алкохолизираниот Грилиш, фудбалерот со денови не се трезни

Следно

Меси запрен на пасошка контрола во Кина

Latest from Blog

Ослободени петмината осомничени за тероризам од американската база. Трамп: Изненаден сум

RAF Ферфорд е британска воздухопловна база во Глостершир која интензивно ја користат американските воздухопловни сили, особено за стратешки бомбардери и летови со долг дострел. Заради инцидентот, завчера рано наутро беше прогласена вонредна

Напад пред прагот на НАТО: Руско беспилотно летало удри близу границата, се огласија сирените

Според полските власти, леталото погодило цел на оддалеченост од приближно два километри од граничниот премин. Како одговор на нападот, Полска подигна воени авиони и ги стави своите сили во состојба на готовност.

PDK mban nesër konferencë për media

Partia Demokratike e Kosovës (PDK), nesër mban konferencë për media. Kjo u bë e ditur nga përmes një njoftimi për media të lëshuar nga partia, teksa nuk treguan arsyen e kësaj konference.
Go toTop