Меси: Ова е последната Копа Америка за мене

July 12, 2024
1 min read

Напаѓачот на репрезентацијата на Аргентина, Лионел Меси изјави дека игра на последната Копа Америка во кариерата.

-Тоа беше тежок турнир за Аргентина бидејќи тимовите играат поизрамнето од кога било. Тука има многу лоши терени, многу високи температури… За мене ова е последната Копа Америка, последното Светско првенство го игравме со Ди Марија и Отаменди во Катар, а сега ги играме нашите последни натпревари заедно и уживаме во тоа максимално, изјави Меси за „Мундо Депортиво“.

Триесет и седум-годишниот Аргентинец стана светски шампион (2022) и победник на Копа Америка (2021). Тој е и светски вицешампион (2014) и трикратен освојувач сребрен медал на Копа Америка (2007, 2015, 2016).

Репрезентацијата на Аргентина ја победи Канада со 2:0 во полуфиналето на Копа Америка. Во финалето Аргентинците ќе играат против Колумбија. Натпреварот ќе се одигра на 15 јули.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ВАЛЕНТИНО КОНСТАНТИНОВСКИ Е НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА АРХИТЕКТИ

Следно

УТРЕ Е ПАВЛОВДЕН- еве што се верува дека ќе ви се случи ако ве полази пајак на овој ден

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop