Меси е најдобар стрелец во историјата на петте најсилни европски лиги

May 28, 2023
1 min read

Со ремито 1-1 на гостувањето во Стразбур, фудбалерите на ПСЖ синоќа ја освоија рекордната 11. шампионска титула во Франција, а Аргентинецот Лионел Меси изби на чело на вечната листа најдобри стрелци во петте најсилни лиги во Европа.

Меси го доведе ПСЖ во водство во 59. минута што за Аргентинецот беше 496. гол севкупно во француската Лига 1 и шпанската Ла Лига.

Поранешниот фудбалер на Барселона сега на вечната листа најдобри стрелци во првенствата во Шпанија, Франција, Англија, Италија и Германија, има постигнато еден гол повеќе од Роналдо, кој 495 пати ги тресеше мрежите настапувајќи за Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус.

Одбраната на шампионската титула во француското првенство, воедно, на Меси му го донесе 43. трофеј во кариерата со што го израмни рекордот на најтрофејниот фудбалер на сите времиња и негов поранешен соиграч во редовите на Барселона, Дани Алвес.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Туркиjе на Азербејџан му го честиташе Денот на независноста

Следно

ШТИПСКИОТ МУЗЕЈ ЌЕ ГО УРЕДУВА ЛОКАЛИТЕТОТ „КАЛЕ“ КАДЕ БЕШЕ ПРОНАЈДЕН КАМЕН СО ГЛАГОЛИЧНИ БУКВИ

Latest from Blog

Тудор после Интер: Беше лудо, не знам дали ја заслуживме победата!

Во италијанското дерби полно со пресврти, Јувентус го победи Интер со 4:3 пред своите навивачи. Победничкиот гол беше постигнат во судиското продолжение. Тренерот на Стара дама, Игор Тудор, призна по натпреварот дека

Трипуновски: Секој кој има штета ќе биде обештетен

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствуваше на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР. Во регионот каде што е пожарот во

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги
Go toTop