Меморандум за соработка меѓу АТС Груп и турската МКЕ кој вклучува отворање на фабрика за производство на барут во земја

March 27, 2025
1 min read

Единствената македонска компанија од одбранбената индустрија АТС Груп, попладнево потпиша Меморандум за соработка со  МКЕ – најголемата државна компанија од индустријата на Турција, кој опфаќа отворање на нова фабрика за производство на барут во Северна Македонија, со заеднички инвестиции на двете страни.

Меморандумот беше потпишан од страна на генералниот директор на МКЕ Илхами Келеш и сопственикот и извршен директор на АТС Груп, Шефшет Демировски. Како што истакнаа потписниците, со оваа соработка ќе се поттикнат активностите на двете компании и ќе се зголеми нивното присуство на меѓународниот пазар, особено во Турција и Северна Македонија.

Според министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, целта на меморандумот е да се воспостави рамка за соработка и решенија за одбранбената индустрија, вклучувајќи стратешки активности и производство на производи од одбранбената индустрија. Како што рече, партнерството на двете компании е од големо значење за државата како членка на НАТО. Во следниот период се планираат проекти за воспоставување на нови производствени линии од страна на МКЕ, користејќи ја експертизата и технологијата на АТС Груп.

Заменик-министерот за национална одбрана на Турција Хеибет Муса искажа задоволство од потпишувањето на меморандумот „кој е стратешки чекор што дополнително ќе ги зајакне односите на двете сојузнички и пријателски земји“.

Како што рече, не само што претставува документ за техничко партнерство, туку и доказ за пријателство и доверба меѓу Македонија и Турција. Од се срце верувам, рече тој,  дека нашата соработка ќе придонесе кон целите за одржлив развој и дека договорот ќе биде корисен а нашите две земји и за целиот регион.

Генералниот директор на МКЕ, Келеш, пак, во обраќањето истакна дека соработката претставува манифестација на взаемна доверба и силна волја за заедничка иднина меѓу двете земји, која ќе придонесе кон унапредување на екосистемот на одбранбената индустрија на нашиот регион и ќе ги отвори вратите за нови можности и силни партнерства.

Соработката вклучува трансфер на технологија, техничко знаење и експертиза за производството и подобрување на производствените капацитети, модернизација на производни линии, подобрување на извозните можности, заеднички истражувања за зголемување на извозниот потенцијал на меѓународните пазари, обука и техничка помош, развој на програми за обука и подобрување на техничка експертиза

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Објавени се кои фудбалери се најплатени во Европа

Следно

Ганиу и Герасимовски ќе се тркаат за нов мандат, Ѓорѓиевски ќе се бори за Скопје

Latest from Blog

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе

Клековски им порача на крушевчани дека со смената на локалната власт во градот ќе направат уште повеќе

Членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Клековски денеска во посета на крушевските села и на самото Крушево со ветување дека кога ќе ја преземат локалната власт, ќе направат уште повеќе за

ВИДЕО: Хорор повреда, Донарума му ја скрши ногата на Мусиала, цел стадион во шок

Четвртфиналниот дуел на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн беше обележан со ужасна сцена на крајот од првото полувреме, кога Џамал ​​Мусиала заработи сериозна повреда на ногата. Младиот германски

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди
Go toTop