Мелони се сретна со Трамп на имотот Мар а Лаго во државата Флорида

January 5, 2025
1 min read

Италијанската премиерка Џорџа Мелони доцна синоќа имаше средба со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, која се одржа на имотот Мар а Лаго во државата Флорида, јави италијанската новинска агенција АНСА.

Мелони доцна синоќа замина во САД за да разговара, според италијанските и американските новинари, на повеќе теми – војната во Украина, кризата на Блискиот Исток, а исто така и случајот со италијанската новинарка Чечилија Сала, која беше уапсена во Техеран на 19 декември и држена во самица во затворот „Евин“ во близина на главниот град на Иран.

Состанокот на Мелони со Трамп траеше неколку часа, а на него присуствуваше и Марко Рубио, иден државен секретар во администрацијата на милијардерот републиканец. На средбата беше и Скот Бесант, идниот министер за финансии на Трамп, како и Мајк Волц, иден советник за национална безбедност во Белата куќа и Тилман Фертита, идниот американски амбасадор во Италија.

Мелони беше придружувана од италијанската амбасадорка во САД, Марианџела Запа. Мелони пристигна во Мар а Лаго околу 1:30 часот по полноќ по италијанско време и полета назад во Италија четири часа подоцна.

Според известувачот на „Волстрит журнал“, Трамп и рекол на Мелони дека таа „навистина ја освоила Европа“ и дека е „многу возбуден што е тука со фантастична жена, премиерката на Италија“. Рубио, пак, ја нарекол Мелони „голем сојузник и силен лидер“.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Православните христијани утре го слават Бадник, задутре Божик

Следно

ВИДЕО: На 1 јули не беше ставен ниту еден метар асфалт на патот Крива Паланка – Страцин, СДСМ со години тапкаа во место

Latest from Blog

Постои опасност пожарот кај Штип да излезе од контрола, ер тракторите упатени натаму

Пожарот што избувна во близина на населбата Сончев Град во Штип и натаму претставува сериозна закана, а поради опасноста еден од краците на огнената стихија да излезе од контрола, воздушните сили за

Зеленски во голем проблем: ПАДНА КОНСТАНТИНОВКА, НАСКОРО И ЛИМАН, А ЗАЛУЖНИ МУ СЕ ЗАКАНУВА

Додека властите во Украина објвуваат слики како жителите на Крим чекаат во ред за бензин и најавуваат скоро влегување на украинската војска на кримскиот полуостров, ситуацијата на теренот не оди во нивни

Аларм за недостиг на персонал во старскиот дом

Алармантна состојбата со недостиг на персонал во кумановскиот дом за стари лица. Наместо 80 вработени, установата која овозможува услуги на над 170 граѓани, во моментов функционира со само 36 вработени. Неопходно е

Му го продолжија договорот пред Мундијалот, сега го избркаа

Владимир Петковиќ повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Алжир, јавуваат африканските медиуми. 62-годишниот стратег беше отпуштен по поразот од Швајцарија (2:0). Петковиќ ја презеде селекцијата на Алжир на почетокот на
Go toTop