Меѓувладина седница Македонија – Косово во Приштина

November 18, 2024
1 min read

Албанскиот јазик не е под закана во Македонија. Ова го порача косовскиот премиер  Курти на заедничка прес конференција со премиерот Мицкоски, веднаш по оддржувањето на меѓувладината седница во Приштина. Курти изјави дека во Македонија нема закон за употреба на албанскиот јазик – ниту пак имало во минатото и смета дека треба да се почека одлуката на Уставниот суд.

– Верувам дека сите треба да чекаме една правична одлука на Уставниот суд во Македонија, кој нема да направи ниту исклучување, ниту дискриминација, и кој го почитува повеќејазичниот карактер во Македонија кој несомнено постои. Знаете вие во Косово дека Албанци се 93%, четири посто се Срби, а српскиот јазик е службен тука кај нас. Но, во Северна Македонија не може да се каже дека албанскиот јазик е службен јазик, и сега е под закана. Ова не е вистина. – Албин Курти премиер на Косово.

На новинарска констатација, пак, дека Мицкоски има влијание во Уставниот суд, тој порача.

– Навистина не знам од каде впечатокот дека ние имаме влијание и сме можеби семоќни и ги контролираме сите политички партии во Македонија, што не е така. Но треба  да знаат дека од првиот со последниот судија во Уставниот суд се избрани во македонското Собрание кога мнозинство беше владината коалиција СДСМ-ДУИ. – Христијан Мицкоски премиер.

На прашање до Мицкоски, зошто во Приштина отсуствува вицепремиерот Иван Стоилковиќ, тој изјави дека Стоилковиќ горел од желба да присуствува, но не стигнал поради обврски. 

За екстрадицијата на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се доживотно осудени за случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското езеро, Курти порача дека министрите за правда комуницираат директно и дека тоа е прашање и за судовите и јавните обвинителства на Македонија и Косово. 

Според Курти и Мицкоски – етничките разлики не произведуваат конфликти, а тие теми ги отвораат политичари кои немаат идеи и незнаат како да привлечат внимание. Порачаа дека е време за решавање на економските прашања, а на меѓувладината седница, беа потпишани протоколи и меморандуми за соработка меѓу двете држави.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Медиуми: Германија праќа 4.000 дронови во Украина

Следно

Бајден и дозволи на Украина да ја нападне Русија со ракети со долг дострел

Latest from Blog

Комерцијална банка и Македонијатурист со најголем неделен промет, МБИ10 со пад од 0,41%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 15 до 19 декември 2025 година, на Македонската берза беа реализирани 328 трансакции со вкупна

Поради маглата откажани и одложени летови, намалена видливост на дел од патиштата

Густата магла во скопската котлина како и вечерва предизвика  откажување и доцнења на летовите од Меѓународниот аердором Скопје, а намалена е видливоста и на дел од од патните правци. Според информациите од

Николоски: Македонија останува посветена на правата на турската заедница

Нема поблизок народ за македонскиот народ од турскиот, нема поблиска држава за Македонија од Туркије и горд сум што можам да кажам дека Македонија овозможува изучување на мајчиниот турски јазик на турската

Маинц и Сент Паули ги поделија бодовите

Во дуелот на двата тима кои сезонава ќе имаат огромни проблеми да обезбедат опстанок, Маинц и Сент Паули одиграа 0:0. Двата преостанати бодови од потенцијалната победа за било кој од двата тима
Go toTop