Поради маглата откажани и одложени летови, намалена видливост на дел од патиштата

December 21, 2025
1 min read

Густата магла во скопската котлина како и вечерва предизвика  откажување и доцнења на летовите од Меѓународниот аердором Скопје, а намалена е видливоста и на дел од од патните правци.

Според информациите од веб страницата на ТАВ Македонија, откажани се вечерните летови од и за Истанбул и Цирих, за Франкфурт, а дел од останатите летови се со статус за задоцнето полетување и слетување.

Претходно аеродромскиот операторсоопштидека поради маглата во периодот од 00:00 часот на полноќ до 12 часот денеска напладне, авиокомпаниите откажале 20 лета, пренасочиле еден лет, а 11 часот слетале авионите од Дортмунд и од Виена. Вчера од 00:00 часот до 18 часот, како што информираа од ТАВ Македонија имало 16 откажани и 11 пренасочени летови, додека три авиони слетале и три авиони полетале после пладне, кога се подобриле временските услови.

Од АМСМ, пак, во извештајот за состојбата на патиштата во 18 часот вечерва информираа дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 30 метри има на патниот правец Жировница – Луково, а до 150 метри во околината на Тетово, Штип, Петровец и Демир Капија, соопшт АМСМ, потсетувајќи дека во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.


Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

УХМР најави дека до крајот на денов по котлините ќе се задржи магливо. Појава на магла ќе има и утре по одделни котлини, исто така  и задутре кога кон крајот на денот и во следните денови под влијание на серија влажни воздушни бранови ќе има повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни. Поради спуштање на постуден воздух од север на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе преминуваат во снег.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: Македонија останува посветена на правата на турската заедница

Следно

Комерцијална банка и Македонијатурист со најголем неделен промет, МБИ10 со пад од 0,41%

Latest from Blog

Напад пред прагот на НАТО: Руско беспилотно летало удри близу границата, се огласија сирените

Според полските власти, леталото погодило цел на оддалеченост од приближно два километри од граничниот премин. Како одговор на нападот, Полска подигна воени авиони и ги стави своите сили во состојба на готовност.

PDK mban nesër konferencë për media

Partia Demokratike e Kosovës (PDK), nesër mban konferencë për media. Kjo u bë e ditur nga përmes një njoftimi për media të lëshuar nga partia, teksa nuk treguan arsyen e kësaj konference.

Трамп го прашал Си дали сака да купи американско оружје

Гостувајќи во емисијата „Fox News Sunday“, Пердју потврди дека Трамп ја покренал можноста за продажба на американско оружје на својот сè помоќен геополитички ривал. Таквата неочекувана продажба, доколку се реализира, би претставувала
Go toTop