Меџити не е поканет на средбата во Чаир: Носат звучни имиња од естрадата како да ќе прават концерт

March 20, 2023
1 min read

Изет Меџити кој ја претставува таканаречената „огнена група“ на ДУИ, денеска изјави дека тој како претседател на чаирскиот огранок на партијата не е поканет на вечерашниот митинг во салата „Шабан Трстена“.

Меџити, кој заедно со градоначалниците на Чаир и Град Скопје, Висар Ганиу и Данела Арсовска, присуствуваше на официјалното започнување на изградбата на Мега паркот, рече дека вечерашниот митинг на ДУИ му наликува повеќе на концерт имајќи предвид, како што наведе, „се носат звучни имиња од естрадата“.

– Ќе носат луѓе од Струга, Куманово, Липково,прават многу притисоци со списоци во администрацијата, со закани дека ќе им сменат работни места. Жално е да се види дека ДУИ сето ова месец дена да го подготвуваат да направат реприза на тоа што ние го направивме со граѓани во Чаир. Мислам дека ова ќе биде порака до Ахмети, добро ќе беше да ги оставеше сам Артан и Бујар да видат која им е тежината во Чаир во нивната општина. Но ова е ситуацијата. Денеска слушнав дека и Ковачевски се занимава со митингот во Чаир, значи цела Влада, изјави Меџити.

Прашан дали ќе соработува со новоназначениот партиски координатор на Чаир, Бујар Османи, Меџити категорично одговори дека нема да соработува.

– Прво, човекот со што прво да се занимава – дали со ОБСЕ, дали со билатералните односи со Бугарија, со надворешни работи, портпарол на партијата, доктор, значи човекот е изгубен, не знае кај попрво и ова последново координатор со митинзи. Мислам дека државата има други приоритети, рече Меџити.

Како коментар на последните анкети каде тој предничи пред Артан Груби, Меџити рече дека очекува и други партиски членови и симпатизери кои сега се плашат, да се приклучат на „огнената група“, бидејќи, како што навде, тие го слушаат гласот на народот и на гласачите. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ердоган: Турција никогаш нема да ја заборави меѓународната солидарност по земјотресот

Следно

Вечерва во 360°: Спорниот надзор над „Бехтел и Енка“ уште поспорен – во договорот фалат клучни документи за 23 експерти

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop