Медиуми: Ливерпул по завршување на сезоната ги продава Салах, Матип и Фирмино

February 5, 2023
1 min read

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, одлучил по завршување на оваа сезона да се ослободи од услугите на Мохамед Салах, Роберто Фирмино и Жоел Матип со цел да обезбеди пари за засилувања во летниот преоден рок, пишуваат денеска британските медиуми.

Истите извори наведуваат дека Клоп веќе разговарал со клупското раководство и добил дозвола за реконструкција на тимот за следната сезона.

Ливерпул во јануарскиот преоден рок се засили со Коди Гакпо, ангажирајќи го за сума од 42 милиони евра, а прв на листата потенцијални засилувања за следната сезона е Џад Белингем од Борусија Дортмунд, чија пазарна вредност се проценува на околу 100 милиони евра.

„Фирмино и Матип ќе бидат ставени на трансфер листата бидејќи не се стандардни првотимци. Салах, исто така, ќе се најде на трансфер листата, бидејќи веќе наполни 30 години. Ова, можеби, е последната шанса на Ливерпул нешто да заработи од египетскиот фудбалер. Парите кои ќе ги добие од продажбата на Матип, Фирмино и Салах, ќе бидат искористени од Ливерпул да го ангажира Белингем“, наведуваат британските медиуми. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Австрија: Лавина усмрти пет лица во алпски ски-центар во Тирол

Следно

ПО ШЕСТ ГОДИНИ, НОВИОТ РОМАН НА МУРАКАМИ ЌЕ ИЗЛЕЗЕ НА 13 АПРИЛ

Latest from Blog

Дарио Ивановски победник на полумаратонот во Дубровник

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски триумфираше на денешниот полумаратон во Дубровник, Хрватска. Нашиот натпреварувач го освои првото место со рекорд на патеката од еден час, осум минути и две секунди. На втората позиција

ФФМ: Бевме сведоци на срамен чин – ФК Гостивар грубо ја изневерија фудбалската јавност и фер-плејот

На денешниот натпревар од Прва МФЛ меѓу ФК Гостивар и ФК Работнички бевме сведоци на срамен чин – свесно и организирано напуштање на теренот од страна на екипата на ФК Гостивар, велат
Go toTop