Медиуми: Германија праќа 4.000 дронови во Украина

November 18, 2024
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Германија ќе ѝ испорача 4.000 беспилотни летала на Украина, објави денес дневниот весник „Билд“, пренесува Анадолу.

Се очекува Киев да ги добие беспилотните летала во следните неколку недели, откако германскиот министер за одбрана Борис Писториус во јуни најави дека ќе ја поддржи Украина со дополнителни системи во нејзината војна со Русија.

Беспилотните летала, наводно, ќе имаат значително поголем дострел од украинските камикази и би можело да се користат против тенкови и руски воени позиции.

Беспилотните летала се нарекуваат и „минитаурус“ во однос на германската крстосувачка ракета.

Во меѓувреме, Германија го повтори своето противење за праќање крстосувачки ракети „Таурус“ со долг дострел во Украина, дури и откако американските власти го сменија курсот за испорака на ракети со долг дострел.

„Да, федералната Влада е информирана за ова (одлуката на американската администрација, заб.а.) и не, тоа нема никакво влијание врз одлуката на канцеларот (Олаф Шолц, заб.а.) да не го испорача ‘Таурус’“, изјави заменик-портпаролот на германската Влада, Волфганг Бухнер, на брифингот со новинарите во Берлин.

Според извештаите на американските медиуми, американскиот претседател во заминување Џо Бајден ѝ дозволил на Украина да користи тактички ракетни системи со долг дострел (ATACMS) за „ограничени напади“ на руска територија.

Со дострел поголем од 500 километри, ракетите „Таурус“ се добро познати по успешното таргетирање на објекти, мостови и длабоко закопани цели, како што се командните бункери.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Полициски службеник осомничен во акцијата „Ланец“: Дрога од Гостивар до Скопје

Следно

Меѓувладина седница Македонија – Косово во Приштина

Latest from Blog

Ѓорѓиевски претстави проект за младите: мобилност, култура и заштеда со „SKOPJE CITY GO“

Градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го презентира новиот проект „SKOPJE CITY GO“, наменет за младите и сите граѓани на Скопје. „SKOPJE CITY GO“ е

ВРЕДИ: ДУИ пред избори зборува за чист воздух, додека 20 години го труеше народот

Коалицијата Вреди остро ја обвини ДУИ дека две децении наназад го разнебитувала системот и ги оставила граѓаните да живеат во корупција и загадување. „ДУИ, која две децении по ред ги труеше граѓаните

Ѓорѓиевски: Институциите итно да ги санкционираат предизвикувачите на пожарот

После повеќе од 15 часа борба со огнената стихија во Трубарево, градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, информира дека пожарот е целосно изгаснат, со исклучок на неколку ситни
Go toTop