Меџити: Заинтересирани сме за влада која ќе биде европски ориентирана

1 min read

Претседателот на Демократско движење, Изет Меџити во изјава за медиумите денеска истакна дека нивната коалиција „Вреди“ не сака по секоја цена да бидат дел од некоја влада која нема да биде европски настроена.

– Ние не сакаме да бидеме по секоја цена од некоја влада која нема да биде европски настроена. Значи, не со било кој. Цениме дека таква партија е само Левица, која е антиевропски настроена и со нив не би сакале да сме во иста влада. Другите партии, кој повеќе – кој малку се европски настроени. Наш приоритет е европската интеграција, рече Меџити по средбата со граѓаните во Старата скопска чаршија.

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Штајнмаер: Западен Балкан не смее да остане „сива зона за руско деструктивно влијание“

Следно

61 милијарда долари не се доволно

Latest from Blog