Меџити во 24 анализа: Немаме договор со ВМРО-ДПМНЕ за промена на државниот грб

February 13, 2025
1 min read

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити во 24 анализа рече дека нема договор со ВМРО-ДПМНЕ за промена на државниот грб. Според него, иако имало договор во минатото помеѓу Али Ахмети и Никола Груевски сепак грбот не е сменет.

„Јавна тајна е дека имаше договор потпишан меѓу Ахмети и Груевски за да се смени грбот но сега немаме договор со ВМРО-ДПМНЕ за промена на грбот и во принцип ние разговараме за сите прашања. Очигледно е дека и грбот и химната потекнуваат од комунистичко време и не ја одрауваат баш како што треба реалноста. Химната треба да одрази реалноста и да ги има и другите заедници и да ја чувствуваат сите граѓани како заедничка. Битката била заедничка. Да биде инклузивна и да се чувствуваат сите важни“ изјави Меџити.

Тој рече дека отворено прашање е и албанскиот јаик кој според него 20% е омаловажувачки и потценувачки за втората заедница во Македонија.

„Нас не тангира тоа што сите знаеме дека 20% е за албанскиот јазик и тоа не е добро чувство за албанците и за албанскиот јазик. На републичко ниво втор јазик кој се зборува е албанскиот јазик а на локално може и да има други јазици. Нас приоритет ни е албанскиот јаик кој е во дух и на Охридскиот рамковен договор“, рече Меџити.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Величествена глетка од полната Месечина над џамијата Чамлиџа во Истанбул

Следно

Проданоски: После седум години девастиран систем, СДС глуми загриженост и продава демагогии, ВМРО-ДПМНЕ работи на зголемување на животниот стандард

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop