Меџити по речиси тригодишен застој го пушти во функција хидросистемот Ѓавато

November 9, 2024
1 min read

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и пратеникот во Собранието на Република Северна Македонија Миле Цеков денес, го пуштија во функција хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро“ со кој од бунарите на Ѓавато се врши дотур на вода во Дојранското Езеро.

Имено, на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање, неодамна Владата ја усвои информацијата за ставање во функција на овој хидросистем и после речиси три години застој во работата, водите на Дојранското Езеро повторно ќе се надополнуваат од бунарите од Ѓавато.

„Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање ќе се залагаат да се изнајде решение за финансиските средства, за во блиска иднина да се реконструира целосно овој хидросистем“ изјави Меџити нагласувајќи дека за повторно функционирање на хидросистемот е потребна реконструкција на самиот цевковод и набавка на неколку нови потопни пумпи.

Пратеникот Миле Цеков изјави дека претходната Влада и сегашната општинската власт скоро 3 години не нашле решение за овој проблем, за кој новата Влада најде решение за помалку од половина година.

„Благодарност до министерот Изет Меџити што поднесе предлог одлука до Владата, за решавање на овој наследен предизвик кој не беше решен скоро 3 години“, изјави Цеков.

На Бунарско подрачје Ѓавато моментално има технички исправни три потопни пумпи – пумпите 3, 7 и 8 кои се ставија во функција, а за останатите е потребна реконструкција.

Поради неработењето на хидросистемот во изминатиот период, нивото на водостојот на Дојранското Езеро е 76 сантиметри под дозволениот минимум и доколку продолжи ваквиот тренд нивото може и дополнително да се намали со оглед дека и хидролошка состојба е неповолна.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски нема план во случај да поскапи струјата иако Регулаторна доби високи цени од МЕМО и МЕПСО

Следно

АЛАРМАНТНИ ПОДАТОЦИ: Секое второ дете има проблеми со говорот, тестирање во прилепските градинки

Latest from Blog

“Muchachos“: Аргентина ја брани титулата од Катар 2022! Епско финале и радоста на Меси, тагата на Мбапе!(ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/AFASeleccionEN/ Аргентина на ова СП влегува како актуелен светски првак, но и како еден од фаворитите за трофејот. Јасно е дека ова за Лео Меси, веројатно најдобриот фудбалер на сите времиња ќе

ЈКП Комуналец Прилеп: Обновено осветлувањето на стадионот со вештачка трева во Типската населба

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп ги информира спортистите и граѓаните кои практикуваат рекреативен спорт дека се заменети и повторно се ставени во функција сите рефлектори на стадионот со вештачка трева во Типската населба.

(ВИДЕО) ЈКП „Комуналец“ – Прилеп ги обнови рефлекторите на стадионот со вештачка трева, овозможени и вечерни тренинзи

Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Прилеп информираше дека успешно е завршена замената на сите рефлектори на стадионот со вештачка трева во населбата Типска, со што спортскиот објект повторно е целосно осветлен и

Инфантино околу спорниот судија од Сомалија: Ние не сме семоќни

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино конечно го прекина молкот и го даде своето мислење околу интернационалниот судија од Сомалија, Омар Абдулкадир Артан кој што е делегиран да дели правда на претстојниот Мундијал
Go toTop