Меџити: Нов дигитален мамограф и ултразвучен ЕХО апарат за Поликлиника Железара

December 15, 2023
1 min read

реклама


Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити и заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, денеска беа во посета на Поликлиника Железара по повод набавка на нова медицинска опрема – дигитален мамограф со стереотакса и ултразвучен ЕХО апарат со две сонди набавен од Министерството за здравство.

Во изјава за медиумите, министерот Меџити информираше дека овој дигитален мамограф претставува најсофистицирана опрема што се користи во сите здравствени установи насекаде низ светот и важи за современа метода за скрининг на рак на дојка во рана фаза. Со набавката на апаратот ќе се подигне и забрза квалитетот на здравствената заштита за пациентите.

реклама

„За наредната година се планира зголемување на бројот на кабинети за скрининг на рак на дојка согласно утврдените правила и протоколи донесени од страна на Националната комисија за скрининг и рана детекција на рак на дојка. Се искреира скрининг амбуланта на торакална хирургија за пациентки од скрининг кои имаат направено ехо мамографија, биопсија и потврден хистопатолошки наод и истите дирекно од д-р специјалист радиолог се упатуваат во амбуланта на торакална за одредување на термин за операција. Досега оваа можност др специјалисти радиолози ја немаа ниту во дијагностички процедури“, истакна Меџити.

Заменик министерката Манолева потенцираше дека Министерството ќе продолжи со инвестирање во нова медицинска опрема, како и во унапредување на инфраструктурата и зајакнување на кадарот во јавните здравствени установи.

реклама

„Во оваа прилика, сакам да апелирам за важноста на редовните превентивни прегледи за заштита на женското здравје. Навремениот преглед, особено кога станува збор за рак на дојка, може да спаси живот. Со скрининг програмата се опфатени жените во возрасната група од 45 до 69 години кои не направиле мамографија последните две години, а исто така и жените на возраст од 40 до 44 години, кои имаат член во семејството со рак на дојка или друг дополнителен ризик фактор, имаат можност самоиницијативно да се пријават за скрининг мамографија. Пријавувањето се врши на веб страницата: www.skrining.zdravstvo.gov.mk или на телефонскиот број 15444. Скрининг мамографијата е бесплатна за жените во програмата, односно партиципацијата ја покрива Министерството за здравство“, рече Манолева.

Директорот на Поликлиника Железара Александар Велјановски упати огромна благодарност до Министерството за здравство што излезе во пресрет за набавка на дигиталниот мамограф.

реклама

„На територија на општина Гази Баба друг мамограф нема и пациентите ќе имат можност тука да ги завршат своите прегледи. Поликлиника Железара во вредност од 3 милиони денари во тековната 2023 година набави дополнителна медицина опрема која ни беше неопходна во работата. За 2024 година имаме планирано неколку новитети, тоа е набавка на алерго тестови. Втора работа што ја планираме е еден од докторите по трудова медицина да биде пратен на субспецијализација, да отвориме пулмоалерголошка амбуланта и третата работа е дека сме во преговори за набавка на текса скен, за ова дополнително ќе разговараме со Министерство за здравство, кадешто е потребен за рано откривање на остеопороза кај пациентите“, изјави Велјановски.

реклама

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелските сили претепаа фоторепортер на Анадолу кој известуваше од Источен Ерусалим

Следно

Распишан конкурсот за „Роман на годината“ за 2023 година

Latest from Blog

Коњановски: Над 164 милиони денари за улична и патна инфраструктура во Битола

Над десет километри обновена и новоизградена патна инфраструктура, повеќе од три километри водоводна и канализациска мрежа и нови 220 паркинг места се дел од резултатите што ги издвојува градоначалникот на Битола, Тони

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане
Go toTop