Меџити: Легитимен претседател на АА е Таравари, ја имаме поддршката од 83 делегати на Собранието

1 min read

Легитимен претседател на Алијанса за Албанците е Арбен Таравари и партијата има легитимно Собрание, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, кој се соочува со разрешување по поделбите во Алијансата за Албанците. Меџити ги обвини ДУИ за опструкции на неговата работа.

-Во Алијансата на Албанците има едно едно централно собрание и тоа ќе биде вечерва во Куманово и тоа ќе биде и собир со граѓаните, легитимните избрани органи или легитимниот претседател на партијата е господинот Таравари, изјави денеска министерот за здравство, Фатмир Меџити.

Тој кажа дека 83 членови на собранието се на нивна страна и оти нема нејаснотии.

-Ние ги имаме собрано 83 од членовите на Собранието и мислам дека тука нема нејаснотии. Имаме легални легитимни органи имаме легитимен претседател, изјави Меџити.

Извор: alsat.mk

Претходно

Потребен им е одмор: Хороскопски знаци на кои добро ќе им дојде слободен ден

Следно

Власта најавува ред, граѓаните – тужби за пасошите

Latest from Blog

Украина е на работ

Неговото предвидување е дека Русија ќе продолжи со својот план кој останува непроменет од 2022 за