Меџити: Ќе следи дестабилизација на Европскиот фронт, оти не ги врзува идеологија, туку желба за власт

October 6, 2024
1 min read

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити смета дека излегувањето на Мендух Тачи од коалицијата Европски фронт е само почеток на крајот и оти во иднина ќе има поголема дестабилизација во неа.

-Тие не се навикнати да бидат опозиција сакаат по секоја цена да бидат власт и ниту идеолошки, ниту минатото ги спојува во Европскиот фронт. Таа коалиција не е заради европски вредности и идеологија туку по секоја цена да бидат повторно на власт. Во моментот кога нема власт, нема што да ги спојува. Во моментот кога не се власт, не се дестабилизира Владата или државата, туку полека, но, сигурно се дестабилира Европскиот фронт. Ова е само почеток на нивниот крај, рече Меџити во одговор на новинарско прашање на прес-конференцијата за „100 дена Влада“.

Тој нагласи дека нема директна комуникација со него за евентуално преминување во Влен.

Прашан за став во врска со предлогот на претседателот на СДСМ Венко Филипче за затворена седница во врска со процесот на евроинтеграција вицепремиерот Меџити истакна дека сега Владата е таа која ја диктира агендата, и оти работи интензивно на тоа што го има ветено и е во програмата.

-Еден од фокусите или главните приоритети на Владата токму европската интеграција. Опозицијата имаше доволно време, 8 години беа на власт и не покажаа ништо. Ние сме посветени на оваа агенда, а тие треба да се посветат на себе си и реформата внатре кај нив, рече Меџити.

Тој смета дека не е сериозно, ниту искрено барањето на ДУИ за ветинг на политичарите.

-Ако ДУИ беше сериозна во желбата да се реализира ветинг на политичарите, тие имаа време тоа да го направат. Под притисок на јавноста велат дека се за борба против корупцијата, но, ако им била искрена целта тоа ќе го направеа во минатото. Владата во еден од своите пет приоритети ја има и борбата против корупцијата. Последниот збор го има Обвинителството, рече вицепремиетот и министер за животна средина и просторно планирање.

Тврдењето на ДУИ дека ќе работат на деблокирање на евронтеграциите, според Меџити, е исто така беспредметно оти додека биле на Власт не сработиле ништо.

-Ќе им порачам малку да работат на себе си за да бидат атрактивни на политичката сцена, а не да удираат за работи кои сами ги не ги направиле. Ние буквално овие 100 дена се занимаваме со нивните погрешни решенија или делумни и незавршени решенија, рече Меџити.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицевски: ДУИ тешко се соочува со реалноста

Следно

Во прекин сообраќајот на патот Велес – Скопје, има сообраќајка!

Latest from Blog

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството
Go toTop