Меџити ја претстави новата лабораториска опрема за прецизно следење на загадувањето

August 15, 2025
1 min read

Скопје, 15 август 2025 Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, г. Изет Меџити, оствари работна посета на Централната лабораторија на Министерствотоза животна средина, каде што ги претстави најновите достигнувања во следењето на животната средина во земјава.

Министерот информираше дека лабораторијата успешно го заврши процесот на реакредитација и обезбеди нов четиригодишен сертификат кој опфаќа 20 аналитички методи, вклучително и мерење на амбиентална бучава и анализа на индустриски и површински води.

‘Во рамки на проектот „EU for Clean Air“, лабораторијата доби модерна опрема ICP-MS во вредност од 160.000 евра, донација од УНОПС, која овозможува прецизно мерење на тешки метали во почвата, водата и воздухот’, изјави Меџити.
Меџити најави дека инсталирањето на опремата и обуката на персоналот ќе се реализираат во септември, оценувајќи го ова како значаен чекор за зајакнување на техничките и научни капацитети и унапредување на квалитетот на еколошките податоци.

Централната лабораторија на Министерството за животна средина претставува клучна алка во системот за заштита и управување со животната средина во земјата и служи како техничка и научна институција за спроведување на законските и стратешките задачи за следење на загадувањето и заштита на компонентите на животната средина.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вчера повеќе од 30 пожари на отворен простор, најкритично во Јасен и во Јегуновце

Следно

За дивата струшка депонија ќе се расправа пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур

Latest from Blog

Уметноста на живеењето како заедничка вредност: Diners Club и Драмски театар во нова ера на соработка

Во срцето на секоја заедница стојат приказните кои не обликуваат, а во Скопје, тие приказни веќе осум децении се раскажуваат на сцената на Драмски театар. Токму во годината на овој значаен јубилеј

Повеќе ред и хигиена на гробиштата во Прилеп

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп поставија дополнителен број корпи за отпадоци на Старите и Новите градски гробишта во Прилеп, со цел подобрување на хигиената и одржувањето на просторот. Од претпријатието информираат дека

Божиновска: Модернизацијата на енергетиката продолжува со нови проекти

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николоски, присуствуваше на свеченото отворање на новата 100/35 киловолтна трафостаница „Централна“ во Скопје,
Go toTop