Материјалните докази зборуваат на истиот јазик како и осомничените, вели Бубевски за истрагата за убиствата на Вања и Панче

December 12, 2023
1 min read

Тече истрагата за убиствата на Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес, кои ја потресоа јавноста. Шефот на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски, вели дека во моментов се испитуваат материјални докази.

„Истрагата во однос на дејствијата е на тоа ниво на кое ви кажав и минатиот пат, а се испитуваат нормално материјалните докази. Можам само да ви кажам дека материјалните докази зборуваат со истиот јазик со којшто зборуваа осомничените. Толку“,

кажа Бубевски.

Обвинителот не сакаше да даде конкретен одговор ниту за тоа дали мотивот останува ист – користољубие. За тоа рече ќе се произнесат во обвинение.

На новинарско прашање дали автомобилот е снимен на „Сејф сити“ или на некои други камери, Бубевски рече дека материјалните докази се прибавени.

„Тие се анализираат, се прави целокупна ретроспектива на сè што се случувало и сето тоа, повторно ќе кажам, ќе биде предмет на описот на обвинителен акт“,

рече Бубевски.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

За нивното убиство и помагање за бегство, засега се осомничени шест лица, од кои пет се во притвор, а првоосомничениот се чека да биде екстрадиран од Турција.

Шефот на ОЈО Скопје посочи дека од страна на Обвинителството, доставени се сите документи што се потребни за екстрадицијата на првоосомничениот Љупчо Палевски – Палчо.

Тој се сомничи за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“, а по распишувањето на меѓународната потерница, беше фатен во турскиот град Беликесир.

Сите останати осомничени се во триесетдневен притвор. Станува збор за Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски (кои се товарат дека се соизвршители на двете кривични дела), петтиот осомничен е таткото на Вања, Александар Ѓоревски, за кој Обвинителството смета дека им помогнал на останатите да го грабнат девојчето.

Дополнително, во притвор е и возачот Стефан Димковски, кој го пренесе Палевски од Србија до Турција. Него, Обвинителството го сомничи за кривичното дело помагање сторител во извршено кривично дело.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пеколните точаци на Амстердам

Следно

Бубевски: Материјалните докази соодветствуваат со исказите на осомничените за убиството на Вања и Панче

Latest from Blog

Хит видео од фронтот: Митралез го врти и отфрла рускиот војник (ВИДЕО)

Видеото, за кое се верува дека е автентично според достапните информации, прикажува руски војник како отвора оган од митралез поставен на импровизирана ротирачка поставка. Сепак, поради силен отскок, оружјето одеднаш се свртува

Поради сериозен дефект неколку скопски населби се без вода

Жителите на неколку скопски населби и приградски општини вечерва се соочуваат со сериозен прекин во водоснабдувањето. Како што соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, дефектот се случил на главната водоводна

Уште една селекторска смена, Сенегал ќе има нов кормилар

Откако не ги исполни резултатските очекувања на овој Мундијал, репрезентацијата на Сенегал природно преживува промени. Раководните структури на Федерацијата одлучија да го сменат досегашниот селектор, Папе Тиао. Сенегал шокирачки во 1/16 финалето

Пресврт по четири децении: АПСЕЊЕ ЗА ЛАДНОКРВНО УБИСТВО НА ФЛОРИДА БЛАГОДАРЕНИЕ НА ЕДЕН ПОВИК

Речиси 40 години откако млада мајка беше претепана до смрт во својот дом, полицијата на Флорида соопшти дека еден телефонски повик ги довел до нов осомничен. Мелиса Елисон (20) беше пронајдена мртва
Go toTop