Масовна евакуација во САД по најавата за ураган

October 8, 2024
1 min read

Силен ураган се движи кон САД. Ураганот Милтон од четврта категорија зајакнува и му се заканува на Мексиканскиот залив на пат кон Флорида. На повеќе од милион луѓе им е наредено да се евакуираат.

Густо населениот западен брег на Флорида сè уште се опоравува од последиците од разорниот ураган Хелен од пред две недели. ураганот Милтон е најсилната бура што се случила каде било на планетата оваа година и е еден од 10-те најсилни урагани на Атлантикот што некогаш биле забележани. Гувернерот на Флорида ги повика ѓраѓаните да бидат внимателни.

„Не заклучувајте дека  ќе бидете безбедни. Целиот полуостров, целиот западен брег на Флорида има потенцијал да биде сериозно погоден од ураганот… Во текот на следните неколку дена, заливот Тампа ќе се соочи со најголемиот ураган што го погодил во последните 100 години.“ – Рон де Сантис гувернер на Флорида. 

Милтон се приближува кон копното со ветрови до 250 километри на час. Центарот за урагани предвидува дека тој ќе остане исклучително опасен и ќе падне на брегот на Флорида, што значи дека ќе предизвика катастрофални штети, вклучително и прекин на електричната енергија што може да трае со денови. Европа, пак, се подготвува за налет на ураганот Кирк, се најавуваат силни ветришта, обилни дождови и можни поплави во Западна европа. Нјзасегнати се Британија и Северна Франција.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во село Слатино пронајдени мртви мајка и ќерка

Следно

Врховен суд: Граѓаните ќе може да ја тужат државата поради загаден воздух

Latest from Blog

„Звуците на културата во Ѓорче 2026“ вечерва со богата програма за сите генерации

По досегашната програма исполнета со мјузикл, хип-хоп фестивал, театарска претстава, кино-проекции и содржини за најмладите, „Денови на Општина Ѓорче Петров 2026“ продолжуваат вечерва со нови настани во рамките на „Звуците на културата

Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море

Барањето следело по апелот на Саудиска Арабија до Пекинг..Хутите во изминатата недела ги засилија  активностите  долж брегот на Црвеното море. Тие напредуваа и во близина на стратешкиот теснец Баб Ел-Мандеб.Кина јавно повика
Go toTop