Маричиќ: Бугарските клубови не се опасност за нашиот идентитет

February 24, 2023
1 min read

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во денешното интервју за новинската агенција „Макфакс“ рече дека секоја провокација го отежнува патот кон ЕУ и завршувањето на обврските, додавајќи бугарските клубови сами по себе не се опасност за нашиот идентитет.

– Со Џамбаски и Ковачев сум имал прилика да се судрам во Европскиот парламент и во салата и надвор од неа. Ние никогаш не сме се обидувале да ги убедиме нив дека ние сме Македонци. Нашето постоење како Македонци не зависи од нив, тоа треба сите да го знаеме, изјави Маричиќ, посочувајќи дека не можеме врз основа на нивните лични навреди и провокации, да креираме политика кон ЕУ или Бугарија.

Вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ во интервјуто уверува дека не треба да се плашат граѓаните од вето, бидејќи тоа не е во рацете на Бугарија, туку во наши раце и затоа ако не ги изгласаме уставните измени тогаш сами ќе се блокираме.

– Условите се тешки и не е праведно, не било лесно ни за нас, кои сме седеле на таа маса и сме преговарале ни било лесно и едноставно, напротив. Но, тоа беше единствената шанса, единствениот начин да ги почнеме преговорите, после изгубени десет години и многу пропуштени шанси, вели Маричиќ, додавајќи дека многу покомотно ќе било за Владата да не ги прифати никакви услови, да го стават Гоце Делчев на местото на Александар Македонски на плоштад и следните десет години да владеат на оваа тема.

На прашањето дали се почнати преговорите со ЕУ главниот преговарач со ЕУ објасни дека скринингот е започнат, а тоа може да се случи кога преговорите се формално почнати.

– Јас можам да ви потврдам дека 2022 е историска година за нас бидејќи по прв пат ги почнавме преговорите. Чешкиот министер за надворешни работи, на Меѓувладината конференција, рече дека преговорите се отворени и дека почнува да тече преговарачкиот процес. Имаме определени услови и фази што треба да ги поминеме за да продолжиме со преговорите кога и ќе ги отвориме поглавјата. Колку брзо тоа ќе се одвива зависи од нас и од тоа дали ќе ги исполниме обврските од преговарачката рамка, објасни Маричиќ.

 

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕУ го одобри десеттиот пакет санкции против Русија

Следно

Беса отворена за опозициска соработка со Алтернатива

Latest from Blog

МАСОВНИ ПРОТЕСТИ ВО БУГАРИЈА непосредно пред влезот во еврозоната на 1 јануари 2026

Бугарија се соочува со својата најтурбулентна недела во последниве години, бидејќи повеќе десетици илјади демонстранти, а по некои протести бројката достигнала 150.000, синоќа повторно ги исполнија улиците на Софија и повеќе од

САД гласаа против резолуцијата на ОН за Чернобил

Соединетите Американски Држави неочекувано гласаа вчера на Генералното собрание на ОН против резолуцијата за долгорочните последици од катастрофата во Чернобил. Овој потег го усогласува Вашингтон со Русија, Белорусија, Кина, Северна Кореја, Никарагва

Чорба од спанаќ и тиквици

Многу вкусна чорба, лесна и брза за подготовка Состојки: 1 праз, ситно исецкан 1 голем компир, исечен на коцки 2 средни тиквички исечени на коцки 200 грама свеж спанаќ 3 чаши зеленчукова

Ивановски: Пробиен претпоследниот тунел на железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка

Директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, нa својот фејсбук профил објави видео од пробивање на 14-от тунел на железничката делница Бељаковце-Крива Паланка која е во изградба. – Добро е кога на крајот
Go toTop