Мареј: Се надевам дека ќе добијам можност уште еднаш да играм на Олимписките игри

February 28, 2024
1 min read

Британскиот тенисер Енди Мареј се надева дека ќе игра на Олимписките игри во Париз, јавува денеска Би-би-си.

Мареј пред два дена посочи дека влегува во „последните неколку месеци“ од кариерата.

-Се надевам дека ќе добијам шанса повторно да се натпреварувам на Олимпијадата, рече тенисерот, која освои златни медали во сингл на Олимписките игри во Лондон 2012 и Рио де Жанеиро 2016 година.

Мареј, кој е трикратен Гренд слем шампион, беше опериран на колкот на крајот на јули 2019 година. Британскиот тенисер сезонава одигра седум меча, а оствари само две победи и пет порази. Моментално е на 67. место на АТП листата.

-Кога ќе дојде време, веројатно ќе кажам нешто пред да го одиграм последниот меч на последниот турнир, изјави Мареј.

Британецот денеска игра против францускиот тенисер Уго Амбер во осминафиналето на турнирот.

Олимписките игри во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август. (МИА)

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

(Видео) Тошковски во посета на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје

Следно

Совети за посјајни бели чорапи

Latest from Blog

Израел: Убивме неколку вооружени терористи во Сирија

„Вчера, воените сили елиминираа неколку вооружени терористи во безбедносната зона на југот на Сирија“, се вели во соопштението на армијата, додавајќи дека тие ќе „продолжат“ да дејствуваат таму „и да елиминираат каква

Муцунски од Дубровник: Не постои „северномакедонски“ народ, целта ни е успешно да ги завршиме преговорите

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, учествуваше на панел-дискусијата „The EU and the
Go toTop