Манасиевски: Фризерница во време на Заев, добива проекти за медиумска писменост преку Еразмус +, вредни над 270 илјади евра

August 20, 2025
1 min read

Прес-конференција на членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентина Манасиевски:

„Фризерница во време на Зоран Заев, добива проекти за медиумска писменост преку Еразмус +, вредни над 270 илјади евра.

Продолжуваме и денес со сомнителните проекти од Еразмус +, да потсетиме дека Заев и Димова, доделија неколку грантови вредни над 270 илјади евра за медиумска писменост, на фризерско студио, во период од 3 години.

Фризерското студио со две столчиња, добива неколку години по неколку грантови од Еразмус +, односно Заев и Димова, вредни вкупно над 270 илјади евра.

Секако, погодувате и за овој проект, сопственикот на фризерницата е близок пријател токму на Лидија Димова, односно поранешен граѓански и партиски активист на СДС.

Почитувани граѓани,

Ниту имаше, ниту моментално има одговорност за сомнителните случаи, каде што лица блиски до СДС, или пак членови на партијата, судии, професори, се наполнија со проекти вредни стотици илјади евра.

Во СДС владее паника и страв дека на виделина излегува вистината за нивното криминално и коруптивно владеење во Агенцијата Еразмус +. Нивните судии и обвинители треба малку да се позанимаваат со овие работи. Одговорност мора да има.“

 

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

DW: Нови избори, стари препораки

Следно

Белата куќа отвори официјален ТикТок профил во пресрет на можната забрана

Latest from Blog

Радост која што ќе завршеше трагично (ВИДЕО)

Малку треба за голем проблем, а тоа на своја кожа најдобро го почувствува капитенот на Коритиба, Јаси Маранјао, тимот од Бразил во дуелот со Чапекоенсе. Тој постигна гол пред полувремето, и во

СУШАТА ЈА ТРЕСЕ ЕНЕРГЕТСКАТА БЕРЗА – Цената на струјата скокна над 700 евра за мегават-час

Цената на електричната енергија на берзите во Југоисточна Европа скокна над 700 евра за мегават-час, откако сушата го намали производството од хидроелектраните и нуклеарните централи, а екстремните топлотни бранови дополнително ја зголемија

Утре без вода дел од Центар

На 10 август, понеделник, дел од корисниците во Центар ќе останат без водоснабдување поради уличен дефект, информираат од ЈП „Водовод и канализација“. -Поради уличен дефект од ф – 80 мм на ул.

ВЛЕН со порака до ДУИ: Прво расчистете со Груби

Политичката партија ВЛЕН ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека преку критики за владините документи се обидува да го пренасочи вниманието на јавноста од случајот со поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
Go toTop