Манасиевски: Ајродром, ајро, ајро викаше Заев на цел глас во 2017 година и ветуваше чист воздух во Аеродром, додека Каја Шукова му беше задолжена за воздухот

September 10, 2025
1 min read

Ајродром, ајро, ајро викаше Заев на цел глас во 2017 година и ветуваше чист воздух во Аеродром, додека Каја Шукова му беше задолжена за воздухот, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

СДС, Заев и Шукова уште пред 7 години ветуваа почист воздух и почиста животна средина во Аеродром. Поранешната министерка за животна средина и поранешна државна секретарка во истоименото министерство, Каја Шукова која сега е кандидат за градоначалник од редовите на СДС за Град Скопје, сега повторно ветува средување на Вардариште и почист воздух за граѓаните. Прашуваме со кое лице, Шукова излегува повторно пред граѓаните и говори за Вардариште, кога таа изминативе 7 години, беше државен секретар и министерка во Министерството за животна средина, а притоа таму работи над 20 години. Со ова, Шукова е директно виновна за случајот со Вардариште. Кога Шукова не успеа за над 20 години работа во ресорното министерство, дополнително како државен секретар и министер да го реши Вардариште, со кое лице повторно излегува пред граѓаните и ветува дека дури сега за 3 месеци ќе го среди овој проблем? Да ја потсетиме јавноста, во време на СДС, локалната и централната власт ги тргнаа чуварските служби од Вардариште и од Дрисла. Почитувани, СДС со Филипче, Заев и Шукова беа 7 години власт. Што тие направија за 7 години власт во делот на животната средина? Ништо, истакна Манасиевски.

Затоа граѓаните заслужуваат подобра животна средина и почист воздух, која ВМРО-ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски заедно ќе ја исполнат, додаде Манасиевски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Костовски ветува рамномерен развој во Бутел: Започна реконструкција на повеќе од десет улици во Љуботен (ФОТО)

Следно

Мирисот од роза го зајакнова мозокот и меморијата

Latest from Blog

Проданоски: Нашата цел е младите да создаваат бизниси и да отвораат работни места во Прилеп

Младите се најголемиот потенцијал на Прилеп и нивните идеи можат да бидат основа за нови бизниси, работни места и развој на градот, порача прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски. Проданоски денеска присуствуваше на првиот

Продолжува војната на Трамп со медиумите: Блокиран пристапот на Си-Ен-Ен до претседателскиот авион

Си-Ен-Ен требаше да патува со Доналд Трамп во Тенеси на натпревар во колеџ-фудбал, соопшти мрежата во петокот. Белата куќа ја потврди исклученоста на Си-Ен-Ен кога не ја вклучи мрежата во известувањето испратено
Go toTop