Костовски ветува рамномерен развој во Бутел: Започна реконструкција на повеќе од десет улици во Љуботен (ФОТО)

September 10, 2025
1 min read

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, воедно и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за втор мандат, соопшти дека започнува новата фаза од градежната офанзива во оваа општина. Тој истакна дека само во Љуботен ќе бидат реконструирани и асфалтирани повеќе од десет улици, меѓу кои и двете главни улици на ова населено место.

„Процесот на реконструкција се одвива со силна динамика и наскоро ќе продолжиме и во другите населени места опфатени со овој голем проект. Нашата цел е рамномерен развој на секој дел од општината,“ напиша Костовски во својот статус на фејсбук.

Актуелниот градоначалник на Бутел ја ужива поддршката и од албанските жители на оваа општина, кои нагласуваат дека за првпат еден градоначалник сериозно се ангажирал за развој без етнички разлики и за рамномерни инвестиции во сите маала и населени места.

Според Костовски, градежната офанзива ќе продолжи и во наредните месеци, опфаќајќи ја патната инфраструктура на целата територија на Бутел.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тухел по убедливата победа над Србија: Победивме во тешки услови

Следно

Манасиевски: Ајродром, ајро, ајро викаше Заев на цел глас во 2017 година и ветуваше чист воздух во Аеродром, додека Каја Шукова му беше задолжена за воздухот

Latest from Blog

Проданоски: Нашата цел е младите да создаваат бизниси и да отвораат работни места во Прилеп

Младите се најголемиот потенцијал на Прилеп и нивните идеи можат да бидат основа за нови бизниси, работни места и развој на градот, порача прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски. Проданоски денеска присуствуваше на првиот

Продолжува војната на Трамп со медиумите: Блокиран пристапот на Си-Ен-Ен до претседателскиот авион

Си-Ен-Ен требаше да патува со Доналд Трамп во Тенеси на натпревар во колеџ-фудбал, соопшти мрежата во петокот. Белата куќа ја потврди исклученоста на Си-Ен-Ен кога не ја вклучи мрежата во известувањето испратено

Манчини со пораз се врати на клупата на Италија: „Не смееме да дозволиме поразите да нè обесхрабрат“

Роберто Манчини со пораз го започна новиот мандат на клупата на италијанската репрезентација. Аѕурите на домашен терен загубија со 0-2 од Белгија во првото коло од Лигата на нации, иако италијанскиот селектор
Go toTop