Малишиќ: Од утре ќе има леб од 33 денари, битката ќе ја водиме на суд

March 3, 2023
2 mins read

Тој нагласи дека од утре ќе има леб од 33 денари и дека ќе ја почитуваат владината одлука и уште еднаш повтори дека правно ќе ја водат битката за надомест на штетата која им се нанесува

Групацијата на мелничко-пекарската индустрија донесе одлука од утре да прекине со штрајкот и да почне да произведува и да доставува бел и полубел леб по замрзната цена од 33 денари. Од друга страна, битката против владината одлука, како што соопшти претседателот на Групацијата Горан Малишиќ, ќе ја водат на правна основа.

„Пекарската индустрија е жртва на безумието и одлуките кои се носат се на штета на пекарската индустрија. Одлуките кои Владата ги донесе прават огромни штети и загуби на индустријата на месечно ниво кои се во износ од над 1,5 милиони евра. Поради наметнатите загуби пекарската индустрија е принудена да се прилагоди и истите да ги намали со одредени видови на леб, но и да намали во бројот на вработени за да опстане во иднина. На овој начин индустријата во наредните три месеци, ако остане одлуката само за три месеци, ќе бара начин да опстане. Владата како и пред носењето на одлуките така и по нивното носење повеќе е од очигледно дека нема чувство за новонастаната ситуација и при тоа е свесна дека со ваквите популистички мерки уништува стратешка индустрија. Доколку оваа одлука помине сега во делот на производството на леб, тогаш истото ќе се случи и со остатокот на прехранбената индустрија за што веќе сведочат и денешните изјави на премиерот дека се планира замрзнување на цените на производите и на останатите производи“,

рече Малишиќ по денешниот состанок на членовите на Групацијата откако Владата донесе одлука со која ги обврза трговците и производителите на леб да обезбедат леб по замрзната цена.

Тој истакна дека се во интензивни консултации со правници, бидејќи владините одлуки се незаконски и неуставни.

„Од 1 декември до крајот на февруари, не е утврдено никакво прекршување од наша страна. Ќе започнеме правна постапка за надомест на штетата која според првичните проценки, до 31 мај ќе достигне до 4,5 милиони евра. Од утре ќе почнеме со производство и испорака на одреден вид леб, согласно капацитетите, за да им излеземе во пресрет на потрошувачите“,

рече Малишиќ.

Тој нагласи дека од утре ќе има леб од 33 денари и дека ќе ја почитуваат владината одлука и уште еднаш повтори дека правно ќе ја водат битката за надомест на штетата која им се нанесува.

Во следната недела ќе почнеме интензивни консултации за правна постапка, додаде тој.

На прашањето, колку чини еден леб, Малишиќ немаше конкретен одговор.

„Секоја компанија си има свои пресметки во зависност од големината, од вработените. Никој не може да тврди колку чини еден леб. Тоа ако е така сите ќе отворат пекари и ќе мислат дека има профит. Тоа компаниите може да ви кажат, има вработени по 200, 300, 400… прават разни лебови, лебовите не чинат исто ако се бел или полубел, квалитетот е различен, пакувањата се различни, дистрибуцијата е различна, залихите се различни. Значи нема одговор на таквото прашање“,

посочи тој.

На новинарско прашање, колку компании не испорачуваат леб во продавниците, Малишиќ рече:

„Видете, тука сите беа согласни. Малите пекари кои не беа присутни и некои што не се согласуваа, тоа е право на секого, почнаа да испорачуваат. Останаа пекарите што не испорачуваат, што донесоа одлука и останаа на тоа. Колку компании во бројка не можам да кажам, има многу мали и по градовите што не произведуваат леб, има и големи што не произведуваат. Има и што произведуваат. Така што, тоа е тоа. Не се сите членки на здружението“.

На прашањето, како е можно на пекарите во Штип да им се исплати, а во Скопје да не им се исплати да продаваат леб за 33 денари, Малишиќ им порача на новинарите да ги прашаат нив.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Скот Адамс отиде курбан

Следно

Челникот на групата Вагнер тврди дека украинскиот град Бахмут е речиси опколен

Latest from Blog

Фото: Забава со 700 гости за 18 роденден на ќерката на српскиот пејач Саша Матиќ, Тара

Како што се очекуваше, на забавата пристигна скоро целата српска естрада, бидејќи популарниот сале е одличен пријател со скори сите негови колеги и колешки. Секако исти релации одржува и целото негово семејство. 

Севиља се спаси од пораз против Елче

Иако важеше за фаворит пред стартот на дуелот, сепак, тимот на Севиља во премиерниот дуел од викенд колото во Шпанија, на свој терен против тимот на Елче успеа да одигра само 2:2.

Николоски од Прилеп: Ќе го поврзиме градот со целосно автопатско решение

Вечерва на промоција на кандидати за советничката листа и промоција на кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, се обрати потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Николоски ги посочи проектите и плановите кои треба

Косовска влада ПУШТЕНА НИЗ ВОДА САКА ДА СЕ ИСПЕРЕ: Односите со САД остануваат стабилни, ги поздравуваме КРИТИКИТЕ?

Портпаролот на заминувачката косовска влада, Перпарим Криезиу, по одлуката на САД да го суспендира стратешкиот дијалог со Косово изјави дека односите со САД остануваат стабилни. Тој, исто така, на Фејсбук изјави дека
Go toTop