Скот Адамс отиде курбан

March 3, 2023
1 min read

„Излегува дека речиси половина од тој тим не смета дека е океј јас да сум белец.

Јас сега ќе се дистанцирам од помагање на Црната Америка бидејќи тоа изгледа не се исплати. Единствен исход од тоа е што постојано ме нарекуваат расист.

Повеќе нема смисол да има се помага на црни Американци ако си белец. Готово е. Веќе не ни мислам дека се исплати да се трудам.

Не велам да почнеме војна или да се направи нешто лошо. Ништо такво. Само велам тргнете се настрана. Само тргнете се на страна,“ меѓудругото изјави Адамс во намера да објасни дека и омразата кон белците сепак е омраза.

Во следните денови стотици американски весници оценувајќи ги изјавите на Адамс како расистички одлучија да прекинат да го објавуваат Дилберт (пример само во мрежата на УСА Тудеј се печатат над 200 весници кои го пренесуваат стрипот).

Како што ќе изјави уредникот на Кливленд плејн дилер: „ова не е тешка одлука“. На списокот до сега се и Бостон глоуб, Вашингтон пост, Њујорк тајмс и Лос Анџелес тајмс.

Откако сето ова се распали, во следниот подкаст Адамс освен што се дообјаснуваше за претходно реченото изјави и дека „најголемиот дел од неговите приходи ќе ги снема до следната недела“ дополнувајќи „мојата репутација е уништена за до крајот на мојот живот.“

Дилберт прв пат е објавен во април 1989, а во пикот на популарноста Дилберт беше пренесуван од над 2000 весници. Некаде во времето на изборите 2016 Адамс се најде на пик на медиумите откако јавно го поддржа Трамп за претседателски кандидат.

Запрашан за коментар, Адамс за Вашингтон пост изјавува „многу луѓе се гневни, ама се уште немам видено некој да не се согласува, барем не од некој што го виде целиот контекст. Некои ги ставија под знак прашање податоците од анкетата. Тоа е фер.“

Има и контрааргументи за нападите и откажувањето на Адамс:

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Парс: Да се унапреди македонистиката на најеминентниот факултет за јазици во Турција

Следно

Малишиќ: Од утре ќе има леб од 33 денари, битката ќе ја водиме на суд

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop