Макрон под зголемен притисок по насилните протести поради пензиските реформи

March 17, 2023
2 mins read

Повеќе од 8 од 10 луѓе се незадоволни од владината одлука да го прескокне гласањето во парламентот, а 65 отсто сакаат штрајковите и протестите да продолжат, покажува анкетата која ја спроведе „Толуна Харис Интерактив“ за радиомрежата РТЛ

Францускиот претседател Емануел Макрон се соочува со најголемиот предизвик во неговото владеење по протестите на таканаречените „Жолти елеци“, откако неговата одлука да ја спроведе контроверзната пензиска реформа без гласање во парламентот, предизвика насилни немири во текот на ноќта.

Во Париз и други француски градови беа запалени автомобили, но протестите во кои учествуваа неколку илјади луѓе беа главно мирни. Синдикатите ги повикаа работниците да го поддржат протестот во поголем број и денеска накратко ја блокираа обиколницата во Париз.

„Се случи нешто клучно, а тоа е дека веднаш се случија спонтани мобилизации низ целата земја“,

рече лидерот на крајната левица Жан-Лук Меланшон.

Реформата на пензискиот систем ја зголемува старосната граница за пензионирање во Франција од 62 на 64 години. Од владата објаснуваат дека тоа е клучно за да се спречи колапс на системот, но со ова не се согласуваат синдикатите и мнозинството Французи.

Повеќе од 8 од 10 луѓе се незадоволни од владината одлука да го прескокне гласањето во парламентот, а 65 отсто сакаат штрајковите и протестите да продолжат, покажува анкетата која ја спроведе „Толуна Харис Интерактив“ за радиомрежата РТЛ.

„Туркањето реформи без глас е негирање на демократијата и целосно негирање на она што се случува на улиците со недели. Тоа е едноставно неподносливо“,

рече 52-годишната Натали Алкиер, психолог по професија.

Француски министер за полиција: Протестите се легитимни, но не и предизвикувањето хаос

Главните француски синдикати најавија дека ќе ја продолжат својата мобилизација за да се обидат да изнудат промени. Протести се одржаа во многу градови, вклучувајќи го денеска и Тулон. За викендот се планирани нови протести. Националната индустриска акција е планирана за в четврток.

Иако осумдневните национални протести од средината на јануари и многу други локални индустриски акции досега беа главно мирни, немирите во текот на ноќта потсетија на протестите на „Жолтите елеци“ кои избувнаа кон крајот на 2018 година поради високите цени на горивото.

Министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин рече дека полицијата уапсила околу 310 лица и вети дека ќе се пресметаат со оние кои предизвикуваат проблеми.

„Опозицијата е легитимна, протестите се легитимни, но предизвикувањето хаос не е“,

изјави тој за радиото РТЛ.

Предлог за гласање доверба на Макрон

Пратениците од опозицијата соопштија дека во текот на денешниот ден ќе поднесат предлог до собранието за гласање доверба на Макрон. Но, мали се шансите тоа да помине доколку не се формира сојуз на претставници од сите партии, од екстремната левица до екстремната десница.

Лидерите на конзервативната Републиканска партија веќе отфрлија таков сојуз. Некои претставници на ЛР рекоа дека ќе го поддржат предлогот, но ќе биде тешко да се осигури дека сите други претставници на опозицијата и половина од ЛР ќе го поддржат.

Гласањето во парламентот најверојатно ќе се одржи за време на викендот или во понеделник.

Што би можел да направи Макрон?

Макрон ќе сака брзо да ја сврти страницата бидејќи владините претставници веќе подготвуваат голем број социјални реформи. Покрај тоа, во одреден момент тој може да одлучи да ја отпушти премиерката Елизабет Борн, која ја водеше дебатата за пензиите.

И двата потега тешко ќе можат да го потиснат гневот на улиците. Во екот на синоќешните немири, некој на излог истакна:

„Да го уништиме тоа што нè уништува“.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

За еден месец изречени 90 прекршочни казни на Зелено пазарче

Следно

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Latest from Blog

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе

Клековски им порача на крушевчани дека со смената на локалната власт во градот ќе направат уште повеќе

Членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Клековски денеска во посета на крушевските села и на самото Крушево со ветување дека кога ќе ја преземат локалната власт, ќе направат уште повеќе за

ВИДЕО: Хорор повреда, Донарума му ја скрши ногата на Мусиала, цел стадион во шок

Четвртфиналниот дуел на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн беше обележан со ужасна сцена на крајот од првото полувреме, кога Џамал ​​Мусиала заработи сериозна повреда на ногата. Младиот германски

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди
Go toTop